Висои — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бело Поле. Претставува населба од бронзено и доцноантичко време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 1,5 километри западно од селото.
Опис
На наоѓалиштето се издига тумба на чија површина се среќаваат фрагменти од керамички садови и орудија од камен и кремен. На околу 100 метри јужно се забележуваат остатоци од темели на објекти, а има делови од архитектонска пластика и фрагменти од керамички садови. Најдени се монети од Констанциј II.
Поврзано До Селото — населба од римско време; Ѓеракарница — населба од римско време; Манастириште — црква од средниот век; Марков Чардак — хеленистичко и доцноантичко време и среден век; Св. Никола — осамен наод од римско време; Чачорица — населба од римско време; Дурбачица — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Мала Рада — неопределено наоѓалиште од непознат период; Баботино — населба од доцноантичко време; Бело Поле; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Бело Поле