Марков Чардак — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бело Поле. Претставува населба од хеленистичко, доцноантичко време и среден век.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа над самото село, каде се издигнува висок рид.

Опис

На наоѓалиштето се забележуваат остатоци од градби од подолг временски период, и тоа темели од ѕидови на бедем, цистерни и помали објекти издлабени во карпа. На површината има многубројни фрагменти од керамички садови, теракоти и други ситни наоди, како и материјални траги од времето на старите Словени. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Висои — населба од бронзено и доцноантичко време; До Селото — населба од римско време; Св. Никола — осамен наод од римско време; Манастириште — црква од средниот век; Чачорица — населба од римско време; Ѓеракарница — населба од римско време; Дурбачица — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Мала Рада — неопределено наоѓалиште од непознат период; Баботино — населба од доцноантичко време; Бело Поле; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Бело Поле