Адам Рис ( ) — американски астрофизичар на Џонс Хопкинсовиот универзитет и Вселенско телескопскиот научен институт и е познат неговото истражување кое ги користи суперновите како космолошки проби. Рис ги поделил Шововата награда за астрономија и Нобеловата награда за физика со Сол Перлмутер и Брајан Шмит за обезбедувањето на докази дека универзумот забрзува.
Семејство
Рис е роден во Вашингтон, и е едно од трите деца.Wedding: Drs. Gail Michele Riess and Leonard Bruce Saltz. Nytimes.com (June 18, 1989). Посетено на April 2, 2012. Тој пораснал во Њу Џерси, каде неговиот татко (Мајкл Рис поморски инженер) поседувал претпријатие за разнесување на замрзната храна, Bistro International, и неговата мајка (Дорис Рис) работела како клинички психолог.Chasing the Great Beyond . Jhu.edu (January 12, 1998). Посетено на April 2, 2012. Мајкл Рис (1931–2007) се доселил во САД со неговите родители (новинар,воен дописник и автор Курт Рис и Илсе Познански)See also :de:Curt Riess од Германија на бродот SS Европа (1928) во 1936 година.Obituary: Michael Riess. New York Times (October 11, 2007). Посетено на April 2, 2012. Адам Рис има две сестри — Гејл Салц, психијатар, и Холи Хагерман, уметник. Рис се оженил до Ненси Џој Шондорф во 1998 година.
Образование
Тој се образувал во месното средно училиште дипломирајќи во класата од 1988 година.Spivey, Mark. "Watchung Hills graduate shares Nobel Prize in physics", Daily Record (Morristown), October 4, 2011. Accessed October 5, 2011. "Riess, who grew up in Warren, gave a shout-out to retired teacher Jeff Charney, saying his interest in science first was piqued at Watchung Hills." Тој исто така се образувал и на престижното училиште за науки во Њу Џерси во 1987 година. Рис подоцна дипломирал на МИТ во 1992 година каде бил член на братството Фи Делта Тета. Тој својот докторат го стекнал на Харвард во 1996 година, каде измерил преку 20 нови супернови од типот Ia со метод кој обезбедувал прецизно пресметување на растојанијата со исправки за попречувачкиот гас и нечистотии. Рисовата докторска теза била под менторство на Роберт Киршнер, и ја добил Трумплеровата награда во 1999 година за неговта докторска теза која имала невообичаено значење во астрономијата., pg. 174
Работа
Рис бил Милеров член во Калифорнискиот универзитет, пред да почне да работи во Вселенско телескопскиот научен иснтитут во 1999 година. Моменталната позиција на Џонс Хопкинсовиот универзитет ја стекнува во 2005 година. Тој е исто така дел од комисијата за доделување на астрономската награда, која е именувана како Шовова награда.
Рис заедно со Брајан Шмит и нивната екипа во 1998 година биле први кои забележале докази за ширењето на универзумот забрзува преку набљудувањето на суперновите од типот Ia. Набљудувањата на екипата биле спротивни на тогашната теорија дека ширењето на универзумот забавува, тие со набљудувањето, промената на бојата на поместувањето на суперновите од Земјата, забележале дека овие милијарди години стари супернови сѐ уште забрзуваат. Обвој резултат бил скоро истовремено забележан и од екипата под водство на Сол Перлмутер. Потврдувачкиот доказ меѓу двата спротивставни табори довело до широка прифатеност на теоријата за забрзувачкиот универзум, и започнала низа на нови истражувања за подобро разбирање на природата на универзумот, како што е постоењето на темната енергија. Откривањето на забрзувачкиот универзум било прогласено за најголемо откритие во претстојната година од страна на научното списание Science во 1998 година, и Рис бил награден со Нобелова награда за физика заедно со Шмит и Перлмутер.
Рис ја раководи Повисоката-Z SN програма за потрага при која се користи Хабл за да се откријат најдалечните супернови кои можат да се забечлежат од човештвото на Земјата. Неговата екипа го следела ширењето на универзумот наназад 10 милијарди години. Клучното откритие било дека при набљудувањата во раната фаза на успореното ширење, предизвикува далечните супернови да се налик посветли со што се отфрла значителното астрофизичко затемнување на суперновите. Овој резултат пак ја потврсдува темно енергетскиот-темно материски модел на начин кој би важел за суперновите.
Награди
Рис ја добил Трамплеровата награда во 1999 година и Харвардовата Бокова награда во 2001 година. Тој ја освоил и Варнеровата награда во 2003 година и Рејмонд-Беверлиевата Саклерова награда во 2004 година за откривањето на космичкото забрзување.
Во 2006 година, тој ја поделил $1 милионската Шовова награда за астрономија со Сол Перлмутер и Брајан Шмит за придонесите о откривањето на забрзувањето на универзумот.
Шмит и сите останати членови на екипата ја поделиле Груберовата награда, во вредност од $500.000, со противничката екипа за нивното откритие на забрзувачкото ширење на универзумот. Рис бил добитник на Мекартуровиот грант во 2008 година. Тој во 2009 година бил избран за член на Националната академија на науките.Newsroom. National-Academies.org (April 28, 2009). Посетено на April 2, 2012.
Заедно со Перлмутер и Шмит, бил награден со Нобелова награда за физика во 2011 година за нивните придонеси во откривањето на забрзувачкото ширење на универзумот.
Рис, заедно со Брајан Шмит,и екипата ја поделиле наградата за основни откритија во физиката во 2015 година.
Појавување на медиумите Рис учествувал во радио квизот на програмата на NPR Чекај чекај... Не ми кажувај! во 2011 година.Wait Wait...Don't Tell Me! from National Public Radio
Поврзано Космолошка константа Темна енергија
Наводи
Надворешни врски
Dark Energy Co-Discoverer Adam Riess Shares Shaw Prize in Astronomy for 2006 Nobel Prize in Physics 2011 Announcement Chasing the Great Beyond
Категорија:Американски астрономи Категорија:Американски нобеловци Категорија:Космолози Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Еврејски физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Апсолвенти на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Живи луѓе