Горна Корија — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вранче. Претставува населба и некропола од доцноантичко време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 800 метри северозападно од селото и 400 метри лево од патот за Бело Поле.

Опис

На наоѓалиштето на една поголема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, покривни ќерамиди, делови од воденични камења и надгробни стели од мермер и камен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Аџина Бара — населба римско време и среден век; Длабока Бара — населба од доцноантичко време; Русоица — населба од доцноантичко време; Стари Лозја — населба од бакарно и римско време; Тумба — населба од доцноантичко време; Црква Св. Никола — осамен наод од римско време; Вранче; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Вранче