Тумба — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вранче. Претставува населба од доцноантичко време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 2,2 километри југоисточно од селото, каде има една мала височинка (н.в. 601 м.).

Опис

На наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.

Во минатото луѓето го користере градежниот материјал за изградба за своите куќи, со што значително било оштетено наоѓалиштето.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998

Поврзано Аџина Бара — населба римско време и среден век; Горна Корија — населба и некропола од доцноантичко време; Длабока Бара — населба од доцноантичко време; Русоица — населба од доцноантичко време; Стари Лозја — населба од бакарно и римско време; Црква Св. Никола — осамен наод од римско време; Вранче; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Вранче