Фриц Цернике ( – ) — холандски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1953 за измислениоит фазноконтрастен микроскоп, инструмент кој овозможува проучување на внатрешната клеточна градба без потреба од боење кое ги умртвува клетките.
Животопис Цернике се родил во Амстердам, Холандија, син на Фридрих Август Цернике и Антје Дјеперинк. Двајцата родители биле професори по математика и особено ја споделил наклоноста на неговиот татко кон физиката. Тој студирал хемија, математика и физика во Амстердамскиот универзитет. Во 1912 бил награден со награда за неговата работа на опалесценција во гасовите. Во 1913 станал асистент на Јакобус Каптајн во астрономската лабораторија во Гронингенскиот универзитет. Во 1914, тој бил одговорен заедно со Леонард Саломон Орнштајн за деривацијата на Орнштајн-Церниковата равенка на теориска критична точка. Во 1915, се здобил со позицијата на теориска физика во истиот универзитет и во 1920 бил унапреден како постојан професор по теориска физика.
Истражување за физичка оптика Во 1930, Цернике спровел истражување за спектралните линии и открил дека т.н. „духови линии“ кои се појавуваат на лево и десно од секоја примарна линија во спектри создадени од дифракција, имаат своја фаза прфрлена од таа на примарната линија за 90 степени. Тоа се случило на физичкиот и медицинскиот конгрес во Вагенинген во 1933 каде што Цернике за првпат ја опишал неговата фазноконтрастна техника во микроскопијата. Тој го проширил својот метод да ја тесира сликата на вдлабнати огледала. Неговото откритие подлежи на базата на првиот фазноконтрастен микроскоп, изграден за време на Втората светска војна.
Уште еден придонес во полето на оптиката во врска со ефикасниот опис на дефектите на сликите или оптичка аберација како микроскопите и телескопите. Застапеноста на аберациите оригинално била заснована на теорија создадена од Филип Лудвиг фон Зајдел во средината на XIX век. Зајделовата састапеност била заснована на проширување на степеновиот ред и не дозволувајќи јасна поделба помеѓу различни типови и закони на аберациите. Ортогоналниот полиномски круг на Цернике понудил решение за долготрајниот проблем на оптималното „балансирање“ на различни аберации на оптички инструмент. Од 1960-те, полиномскиот круг на Цернике е широко употребуван во оптичкиот дизајн, оптичката метрологија и анализирањето на слики.
Работата на Цернике го помогнала побудувањето на интересот за кохерентна теорија, проучувањето на делумно кохерентни светлосни извори, сега познати како Ван Читерт-Церникова теорема. Тој починал во болница во Амерсфорт, Холандија во 1966 по тешко боледување во последните години од неговиот живот.
Почести и награди Цернике бил избран за странски член на Кралското друштво и има Ердешов број шест. Универзитетскиот комплекс на северот од градот Гронинген е именуван по него (Церников парк), исто како што е кратерот Цернике на Месечината. Правнукот на Цернике, Герард ’т Хофт, ја добил Нобеловата награда за физика во 1999.
Наводи
Надворешни врски
Frits Zernike Photo Frits Zernike Biography "How I discovered phase contrast" Nobel Prize speech Extended Nijboer-Zernike theory Museum Boerhaave Negen Nederlandse Nobelprijswinnaars H. Brinkman, Zernike, Frits (1888–1966), in Biografisch Woordenboek van Nederland. Prominente Groningse hoogleraren Frits Zernike (1888–1966) Frits Zernike (1888–1966) biography at the National library of the Netherlands. The Ornstein-Zernike equation and integral equations Multilevel wavelet solver for the Ornstein-Zernike equation Abstract Analytical solution of the Ornstein-Zernike equation for a multicomponent fluid The Ornstein-Zernike equation in the canonical ensemble
Категорија:Луѓе од Амстердам Категорија:Холандски физичари Категорија:Холандски научници Категорија:Холандски пронаоѓачи Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Холандски нобеловци Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките