Симон ван дер Мер ( - ) — холандски честичен физичар кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1984 година со Карло Рубија за придонесите во проектот CERN кој довел до откривањето на W и Z честичките, две од повеќето основни составни делови на материјата.

Животопис

Како едно од четирите деца, Симон ван дер Мер е роден и растел во Хаг, Холандија, во семејство на учители. Тој сеобразувал во градската гимназија, дипломирајќи во 1943 година за време на германската окупација на Холандија. Тој учел техничка физика на Делфтскиот технички универзитет, и се стекнал со инженерска диплома во 1952 година. Откако работел неколку години за Филипс во Ајндховен високо напонска попрема за електронски микроскопи, во 1956 година заминал да работи во CERN каде останал сè до своето пензионирање во 1990 година.Simon van der Meer – Biographical. Nobelprize.org (4 March 2011). Посетено на 3 April 2014.

Се оженил со Катерина Купман во средината на шеесеттите години на минатиот век и имале две деца: Естер ван дер Мер и Матијс ван дер Мер. Тој исто така имал сестра: Ге ван дер Мер, и внука.

Научна работа

Симон ван дер Мер ја осмислил техниката на стохастично ладење на зраците честички.Nobel Press Release. Nobelprize.org (17 October 1984). Посетено на 3 April 2014. Неговата техника била употребена за собирање на моќните зраци на антипротоните за челните судири со спротивно кружно насочените протонски зраци со енергија од 500 GeV во суперпротонскиот синхотрон во CERN. Ваквите судири предизвикувале добивање на W и Z бозони кои можеле да се забележат за првпат во 1983 година од страна на групата UA1, кја била раководен од Карло Рубија. W и Z бозоните биле теоретски предвидени пред неколку години, и нивното експериментално откривање се сметало за значаен успех за CERN. Ван дер Мер и Рубија ја поделиле Нобеловата награда за физика за нивните одлучувачки придонеси за успехот на овој проект.The Economist, "Simon van der Meer", 19 March 2011, p. 96.

Ван дер Мер и Ернест Лоренс се единствените физичари кои работеле на забрзувачи кои добиле Нобелова награда за физика.

Наводи

Надворешни врски

Carlo Rubbia and Simon van der Meer celebrating the Nobel prize CERN pays tribute to Simon van der Meer

Категорија:Експериментални физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Холандски физичари Категорија:Холандски пронаоѓачи Категорија:Холандски нобеловци Категорија:Луѓе од Хаг Категорија:Честични физичари Категорија:Забрзувачки физичари Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките