Мартинус „Тини“ Велтман ( - ) — холандски теоретски физичар. Во 1999 ја споделил Нобеловата награда за физика со неговиот поранешен студент Герард ’т Хофт за нивната работа околу честичната теорија.

Животопис Мартинус Велтман е роден во Валвејк, Холандија, на 27 јуни 1931. Почнал да изучува математика и физика во Утрехтскиот универзитет во 1948. Тој докторирал во теориската физика во 1963 и станал професор во Утрехтскиот универзитет во 1966.

Во 1963/64, за време на продолжен престој во Стенфордскиот линеарен акцелераторски центар (SLAC) тој го дизајнирал компјутерскиот програм "Schoonschip" за симболична манипулација на математички равенки, кој сега се смета за првиот компјутерски алгебарски систем.

Во 1971, Герард ’т Хофт, кој се подготвувал за докторатот под надзор на Велтман, ја ренормализирал Јанг-Милсовата теорија. Тие покажале дека ако симетрија на Јанг-Милсовата теорија треба да се реализира во спонтано скршен режим, наречен Хигсов механизам, тогаш Јанг-Милсовата теорија може да биде ренормализирана. Ренормализацијата на Јанг-Милсовата теорија е главно достигнување во физиката во дваесеттиот век.

Во 1981, Велтман го напуштил Утрехтскиот универзитет за да премине во Мичигенскиот универзитет.Martinus J. G. Veltman

На крајот, тој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1999 со Герард ’т Хофт „за разјаснување на квантната структура на електрослабите заемодејства во физиката“. Велтман и ’т Хофт се придружиле на прославата во Утрехтскиот универзитет кога била доделена наградата.

Велтман сега е во пензија и ја стекнал титулата професор емеритус во Мичигенскиот универзитет. Астероидот 9492 Велтман е наречен во негова чест.

Во 2003, Велтман објавил книга за честичната физика за пошироката публика, насловена "Facts and Mysteries in Elementary Particle Physics" („Факти и мистерии во елементарната честична физика“), објавена од "World Scientific".

Библиографија Велтман, M. „Теорија за растројувањата во масивните Јанг-Милсови полиња“, Utrecht Rijksuniversiteit (Netherlands). Instituut voor Theoretische Fysica. Paris Univ., Orsay (France). Laboratoire de Physique Théorique et Hautes Energies, (Aug. 1968). Велтман, M. & Џ. Јелин. "Некои коментари за распаѓањето на ета (550)", Брукхејвенска национална лабораторија, Министерство за енергетија на САД (преку претходната агенција Американска комисија за атомска енергија), јули 1966.

Наводи

Надворешни врски

Autobiography (Nobel Archive 1999) Мрежно место на Мичигенскиот универзитет Слика, биографија и библиографски извори, од Канцеларија за научни и технички информации, Министерство за енергетија на САД Freeview video 'An Interview with Martinus Veltman' by the Vega Science Trust Freeview video 'Why do we need a linear collider'

Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Холандски физичари Категорија:Холандски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Теориски физичари Категорија:Честични физичари Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките