Добриништа (од 1966 г. офиц. Добриниште) — мало гратче (паланка) во Разлошко, Пиринска Македонија, денес во Општина Банско, Благоевградската област, Република Бугарија. Според проценка од 2024 година, градот има 2.544 жители.
Градот е сместен на источните падини на планината Пирин, блиску до градот Банксо, а во неговата непосредна близина се наоѓа и малиот ски-центар Добриниште.
Историjа
Праисторија, антика и среден век Во централниот северен дел на Добриништа може да се најдат остатоци од ранонеолитска населба, која зафаќа површина од околу 7 декари, околу 150 м од десниот брег на реката Ваљавица, недалеку од минералниот извор. За време на ископувањата, пронајдени се темели од живеалишта, алатки, керамика, како и антропоморфни фигури. Наодите датираат од крајот на првата половина на 6-тиот милениум п.н.е., односно од втората половина или крајот на раниот неолит во Централнобалканската зона. Културно, неолитската населба во Добриништа припаѓа на југозападната варијанта на културата Караново I, која е претставена и во населбите во Ракитово, Елешница, Ковачево и Белица.Николов, Васил. „Истражувачки студии на ранонеолитска населба во Добриниште, Разлошка област“. – Археологија, том XXXIV, 1992, том 1, стр. 1 – 14
Во населбата и околината е пронајдена тракиска и римска керамика. Во областа Доматарско се видливи урнатини од тракиска населба, а во областа Гумништа се пронајдени монети од времето на римскиот император Нерон (1 век). По должината на реката што тече низ Добриништа, има минерални извори и таму се откриени стари базени. Во два од нив, градбата во основата е римска, а над неа - турска.
Отоманско Царство Во текот на VII век, месното население во Добриништа постепено почнато да се меша со словенското племе Смолјани, коишто трајно се населиле по течението на реката Места и главно во Разлошко.
Според бугарскиот академик Иван Дуриданов, потеклото на името Добриништа произлегува од личното име Добрин и наставката -ишти.Дуриданов, Иван. „Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори“. – Во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 186. Селото се споменува во отоманските извори од 1605 година како Добруштене, а во 1625 година како Добруништа.
Во првите години на османлиската власт, голем дел од населението на Добриништа го напуштило селото барајќи спас на Пирин Планина, населувајќи се во некогашните раселени тракиски села. Во селото останува незначителен дел христијанско население, што резултира со исчезнување на селото и повеќе од сто години не се споменува никаде. По раселувањето, селото Добриништа првпат се споменува кон крајот на XV век во времето на султанот Бајазит II (1481–1512) во турски документ како село, кое е дел од Неврокопската нахија. Но дури во текот на XVII и почетокот на XIX век во селото постепено почнува да се враќа население од планинските населби со тоа што почнало и економски да расте и да развива успешна трговија со земји како Србија, Австрија, Франција, Шпанија и други. Во 1846 година, жителите изградиле училиште, а црквата „Св. Петар и Павле“ исто така била изградена во 19 век.
Во минатото во Добриништа живеело и помачко население. Во XIX век, Добриништа е мешано христијанско и муслиманско село во Неврокопската Каза на Османлиското Царство.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Добриништа е наведено како село со 333 домаќинства, 1000 жители Македонци и 80 жители Помаци.Македония и Одринско: Статистика на населението от 1873 г. София, Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33, 1995. ISBN 954-8187-21-3. с. 132 – 133.
Во 1889 година Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис, Македонија“ го споменува селото Добриништа како село со 250 христијански и 12 муслимански куќи.Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб., 1889, стр. 236 – 237
Георги Стрезов во 1891 го опишал Добриништа како село кое се наоѓа 3 часа југозападно од Мехомија. Се наоѓа во долина, каде што на запад завршува висорамнината Разлог. Околината е пошумена, богата со бор и бука. Под Добриништа се издига највисокиот врв Пирин, а на исток се протега огранокот Арами Бунар. Селаните претежно се занимаваат со сточарство; тие исто така одат на работа во странство. Во селото има црква и училиште до неа, кое го посетуваат 75 ученици, со 1 учител. Околу 300 куќи, третина Помаци и две тртини Македонци. На источната страна од Добриништа се наоѓаат лековитите минерални води. По количина овие води се помали од водите во Бања.Периодично списание на Бугарското литературно друштво во Средецово осмо одделение (XXXVII-XXXVIII). Средец, Државна печатница, 1891. стр. 15 – 16.
Според статистиката на Васил К’нчов кон краjот на ХІХ век, Добриништа има 1.825 жители од кои 1.540 Македонци христијани, 240 Македонци муслимани и 45 Роми.
Во 1896 година во Добриништа се создава револуционерен комитет на МРО под раководство на Гоце Делчев. На почетокот на Првата балканска војна во 1912 година, 35 луѓе од Добриништа се пријавиле како доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.
Бугарија Помеѓу 1928 и 1934 година, Добриниште било управувано од страна на ВМРО, во кое време биле изградени црква, училиште и општински центар. На 4 јануари 1966 година, името на населбата било променето од Добриништа во Добриниште.
Во октомври 2006 година, со одлука на Советот на министри, Добриништа било прогласено за град.
Географија и местоположба мини|Црквата „Св. Петар и Павле“|280x280пкс мини|280x280пкс|Центарот на Добриништа Градот Добриништа се наоѓа во планинска област, на надморска височина од околу 850 метри и е опкружен со три планини - Рила, Пирин и Родопите. На 6 км западно од него се наоѓа градот Банско, 13 км северно се наоѓа Разлог (Мехомија), а околу 40 км јужно од градот е градот Гоце Делчев (до 1951 година - Неврокоп).
Реката Дисилица (позната и како река Добриништа) тече покрај Добриништа. По нејзиниот тек се наоѓа базенот со минерална вода, познат како Римска бања. Водопадот Свети Никола е исто така локална знаменитост. Добриништа е прогласено за балнеолошко одморалиште поради неговите 17 познати минерални извори со температура од 30 - 43 °C. Балнеолошки третмани се нудат во 2 од одморалиштата и во јавниот минерален бањски комплекс и базенот на отворено. Тие се корисни за некои бубрежно-уролошки, гастроинтестинални, метаболичко-ендокрини, билијарно-хепатални и заболувања на горниот респираторен тракт, како и за професионални интоксикации и рани на кожата. Исто така, постои базен со минерална вода, кој е исклучително популарен низ целиот регион. Во градот има голем број на приватни хотели.
Градот е дом на единствената градина со рунолист од ваков вид во Бугарија. На Пирин планина, околу 4 км северозападно од селото Обидим и околу 3 км југоисточно од Добриништа, се наоѓа функционалниот манастир „Свети Пантелејмон“, основан во 1920-тите. Тоа е комплекс од црква, станбени и земјоделски згради и е прогласен за споменик на културата.
Добриништа е последната железничка станица на единствената функционална теснолиниска железница во Бугарија, која го поврзува Добриништа со Септември преку Банско, Разлог, Велинград и Јакоруда.
Гратчето има четири маала, Белиот Рид на североисток, Вабело во центар и северозападниот дел, Бунаре на југозапад и Шебелица на југоисток.
Население Според пописот од 2011 година, во Добриништа живееле 2.836 жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот, според пописот од 2011 година: НационалностБрој%Бугари2.51088,50Роми311,09Турци/0Други/0Не се самоопределиле/0Не одговориле28810,15Вкупно2.836100,00 На табелата е прикажан бројот на населението во Добриништа за периодот 1934-2011: Година193419461956196519751985199220012011Население1.8992.2232.4402.5693.0893.1823.2213.0162.836 Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2024 година, во Добриништа имало 2.544 жители.
Економија и туризам мини|Минералните бањи во Добриништа|280x280пксДобриништа е природна почетна точка за голем број рути во Пирин. На исток, меѓу ливадите, изграден е голем базен со топла минерална вода и уште два помали базени за детско пливање и спортување. На 11 км од Добриништа се наоѓа колибата Гоце Делчев (1412 м), од каде што има жичарница до колибата Безбог (2236 м). Пешачки патеки водат до Белеметските езера, езерото Попово и врвот Безбог. Патувањето од колибата Безбог до Мелник е 12 часа. Постои скијачка патека од колибата Безбог до колибата Гоце Делчев. На втората недела од август, секоја година се одржува фестивал на колибата Гоце Делчев.
Во центарот на Добриништа се наоѓа хотелот „Добриниште“ кој е дел од ски-комплексот „Добриниште“. За туристите во Добриништа обезбеден е бесплатен превоз до скијачкото место. Личности Меѓу значајните личности што се родени или живееле во Добриништа се:
Иван Пумпалов (1877-1945), македонски револуционер и градоначалник на Добриништа Иван Козарев (1901-1944), деец на ВМРО (обединета) и комунист на БРП, учесник во НОБ и првиот партизан во Македонија и на целиот Балкан. Иван Сакарев (1933-2017), деец на Бугарската комунистичка партија
Наводи
Надворешни врски Сè за Добриништа Базен со минерална вода - Alpha SPA