Тризенберг () — општина во Лихтенштајн. Зафаќа површина од 30 км², што ја прави најголема општина во Лихтенштајн. Средиштето на општината се наоѓа на височина над 800 метри.

Историја

Селото е познато по неговиот различен дијалект, кој потекнува од влијанието на Валсајските доселеници во средниот век. Овој дијалект е активно промовиран од страна на општината. Постоењето на овој дијалект е доказ за извонредната јазична разновидност во рамките на малото кнежевство, во кое главно се говори на стандарден германски и на алемански дијалект.

Географија

Општината брои девет села: Гафлај, Малбун, Мазеша, Ротенбоден, Замина, Зилум, Штег, Зика, Вандерберг. Малбун е исто така единственото скијалиште во државата, сместено недалеку од границата на Австрија.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Општини во Лихтенштајн