Ханс Георг Демелт ( ) — германско - американски физичар, кој бил награден со Нобелова награда за физика во 1989 година, за неговото учество во создавањето на техниката на јонската замка заедно со Волфганг Паул, за што тие поделиле една половина од наградата (другата половина од наградата за таа година му била доделена на Норман Фостер Ремзи). Нивната техника била искористена кај високопрецизните мерења на електронскиот g-фактор.

Животопис

На возраст од 10 години Демелт се запишал на Берлинската гимназија при Сивиот манастир, училиште во Берлин во кое наставата се одвивала на латински јазик, каде бил примен со стипендија. Откако дипломирал во 1940 година, тој волонтирал во германксата армија, кои му наредиле да запише на Вроцлавскиот универзитет и да изучува физика во 1943 година. По една година од студиите тој се вратил на воената служба и бил заробен во Арденската битка.

По ослободувањето од американскиот затворенички воен камп во 1946 година, Демелт се вратил на своите студии по физика на Гетингенските универзитети, каде се издржувал поправајќи и тргувајќи со стари, предвоени радија. Тој својата магистерска теза ја завршил во 1948 година, а докторатот во 1950 година, и двете во Гетингенските универзитети. Подоцна бил поканет на универзитетот Дјук како подокторски соработник, во 1952 година. Демелт станал помошник профеаор на Вашингтонскиот универзитет во Сиетл, Вашингтон во 1955 година, и соработник професор во 1958 година,и професор во 1961 година.

Во 1955 година тој ја направил својата електронска судирна цевка во Џорџ Волковата лабораторија при универзитетот Британска Колумбија и експериментирал на парамагнетните резонанси во полризирани атоми и слободни елктрони. Во 1960-ите, Демелт и неговите ученици работеле на спектроскопијата на водородните и хелиумовите јони. Електронот конечно бил издвоен во 1973 година заедно со Дејвид Вејнленд, кој продолжил да работи со заробени јони при NIST.

Тој го создал првииот геониумски атом во 1976 година, која подоцна ја искоритил за прецизно да ги измери магнетните импулси на електроните и позитроните заедно со Р. С. ван Дик во 1980-ите, работа која му ја донела Нобеловата награда. Во 1979 година Демелт раководел со екипа која ја направила првата фотографија на единечен атом. тој продолжил да работи на јонската замка при Вашингтонски универзитет, сè до неговото пензионирање во октомври 2002 година.

Во мај 2010 година, тој бил почестен како еден од Вашингтонските добитници на Нобелова награда од шведската престолонаследничка Викторија на специјален настан во Сиетл.Seattle PI news http://blog.seattlepi.com/thebigblog/2010/05/07/crown-princess-victoria-of-sweden-honors-local-nobel-laureates/

Тој бил оженет со Ирмград Ласов, тие имаат син, Герд. Подоцна Демелт се оженил со Дајана Дандор, која била лекар.

Почести и награди Дејвисон-Гермерова награда во 1970 година. Румфордова награда во 1985 година. Нобелова награда за физика во 1989 година. Национален медал за наука во 1995 година.National Science Foundation - The President's National Medal of Science

Наводи

"Moby Electron" article by David H. Freeman Discover magazine feb. 1991 p51-56

Надворешни врски

Autobiography Nobel prize press release University of Washington home page

Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Германски воени лица од Втората светска војна Категорија:Германски нобеловци Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Масени спектроскопичари Категорија:Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет Категорија:Починати во 2017 година