Ана Ли Трингл Фишер (; Њујорк, 24 август 1949 година) — американска хемичарка, анестезиолог и астронаут на НАСА. Како поранешна сопруга на пензионираниот астронаут Бил Фишер и мајка на две деца, во 1984 година Ана Ли станала првата мајка во вселената.Јури Гагарин бил првиот татко во вселената. Моментално таа е најстариот активен американски астронаут.http://www.jsc.nasa.gov/Bios/astrobio_mgmt.html За време на својот престој во НАСА, биле вклучена во неколку програми: Спејс шатл, Меѓународна вселенска станица и проектот Орион.
Животопис
Родена е под името Ана Ли Трингл во 1949 година во Њујорк. Израснала во Калифорнија, во градот Сан Педро, каде што го завршила средното образование. Четири години подоцна ги завршила основните студии по хемија на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес. На факултетот таа продолжила со специјализација на полето на рендгенската структурна анализа на металокарбонатите. Во 1972 година запишала студии по медицина на истиот факултет, а ги завршила во 1976 година. Следната година ја поминала на пракса во болница во градот Торанс, Калифорнија. Се специјализирала за медицина во итни случаи и станала анестезиолог.
Кариера Во 1978 година, Фишер била избрана како еден од астрономските кандидати за екипажот на леталото Спеј шатл. По една година тренирање почнала да работи на повеќе задачи, меѓу кои биле развој и тестирање на системот за далечинско управување, испитување на носивоста на вратите на одделот за непредвидени ситуации и одделот за трансфер на леталото шатл. Долго време членувала во тимот и работела на тестирањето на втората, третата и четвртата мисија од програмата Спејс шатл. За време на петтата, шестата и седмата мисија работела во вселенскиот центар Кенеди поточно во центарот за проверка на тркалата како и тестирање на носивоста.
225px|мини|лево|Видео од 1981 година во кое Ана Ли Фишер објаснува зошто сака да патува во вселената Таа ја имала функцијата на доктор во орбиталниот лет, а во деветтата мисија била известувач од капсулата. Во 1983 година станала мајка, а на 8 ноември 1984 година, станала првата жена мајка во вселената. Тогаш леталото Спејс шатл било лансирано, а целта на мисијата STS-51A била да се испратат два сателити, како и повлекување на уште два сателити чиишто мотори не работеле. Екипажот се вратил на Земјата на 16 ноември истата година. Подоцна била ангажирана во мисијата STS-61H пред да се случи катастрофата на шатлот Челинџер, по што работела како заменик-административен астроном. По краток временски период се вратила на Калифорнискиот универзитет каде што работела на селекцијата на астронаути од генерацијата 1987. По завршувањето на постдиполмските студии по хемија, Фишер ја напуштила својата работа сè до 1996 година поради посветување на семејството и своите две ќерки.Ана Фишер , RedOrbit; пристапено: 5 јануари 2015.
Наводи
Категорија:Американски космонаути Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Лос Анџелес) Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1949 година