Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Историја Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот.Светски ден на здравјето — Светска здравствена организација (СЗО) . Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.

Пригодни активности На денот земаат учество владите на државите и невладините организации што се занимаваат со здравствена проблематика (особено јавното здравје), приредувајќи настани и активности, јавните гласила.

Светскиот ден на здравјето е еден од осумте здравствени денови во годината на СЗО, заедно со Светски ден на борбата против туберкулоза, Светската недела на имунизацијата, Светскиот ден на борбата против маларијата, Светскиот ден на непушењето, Светскиот ден на крводарителите, Светскиот ден на борбата против хепатитот и Светскиот ден на борбата против СИДА.World Health Organization: Кампањи на СЗО

Теми на светските денови на здравјето

2015: Безбедност на храната 2014: Преносителски болести: мал убод, голема закана 2013: Здраво срцев ритам, Здрав крвен притисок 2012: Доброто здравје им дава живот на годините 2011: Отпорност на противмикробни средства: ако денес не делуваме, утре нема да се излечиме 2010: Урбанизацијата и здравјето: да ги направиме градовите поздрави 2009: Да спасиме животи, Да ги направиме болниците побезбедни во вонредни состојби 2008: Да го заштитиме здравјето од несаканите последици од климатските промени 2007: Меѓународна здравствена безбедносот 2006: Соработка за здравје 2005: Да посветиме внимание на секоја мајка и секое дете

2004: Сообраќајна безбедност 2003: Shape иднината: здрава средина за децата 2002: Движењето е здравје 2001: Душевно здравје: крај на изолацијата, укажете помош 2000: Безбедната крв почнува од мене 1999: Активното стареење го менува животот 1998: Безбедно мајчинство 1997: Нови заразни болести 1996: Здрави градови за подобар живот 1995: Глобално да ја искорениме детската парализа

Поврзано Светски ден на борбата против СИДА Светски ден на душевното здравје Светска здравствена организација

Наводи

Надворешни врски Светски ден на здравјето — СЗО 7 април, Светски ден на здравјето — портал „Канцер“

Категорија:Празници во април Категорија:Светска здравствена организација Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации