Тиш Бенот (; р. во ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Кариера Лото-Судал (2015–2019) мини|лево|Бенот на Тур де Франс 2017
Бенот станал професионалец со белгиската екипа во 2015 година, откако возел за младинската екипа во периодот 2013-2014 и возел некои трки како стажант во есента 2014 година.
Бенот имал директни резултати во професионалните води како петти на неговата прва Трка околу Фландрија. Подоцна во сезоната ги покажал своите вештини на етапните трки, завршувајќи втор зад Грег ван Авермат на Трката околу Белгија. Исто така, завршил трипати меѓу првите десет на етапи на Критериум ди Дофине.
мини|лево|Бенот на Тур де Франс 2017
Бенот покажал вештина да се качува на Критериум ди Дофине 2017, каде завршил на 12. место на крајот на трката. Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017. Бенот завршил на 20. место на крајот на трката на неговиот прв настап на некоја голема трка.
Бенот ја имал својата прва професионална победа во март 2018 година, кога дошол сам до победа на трката Страде Бјанке при пороен дожд откако нападнал од групата, достигнувајќи ги предводниците Ромен Барде () и Ваут ван Ерт () пред да ги претекне во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот дошол сам до победа со 39 секунди пред Барде.
Во август 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.
Тим Санвеб (2020-2021)
Во август 2019 година, Бенот потпишал двегодишен договор со започнувајќи од 2020 година. Завршил втор на крајот на Париз-Ница 2020, освојувајќи етапа и бодовниот пласман. Откако бил на принудна суспензија поради поради пандемијата на КОВИД-19, Бенот завршил меѓу првите десет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж (осми) и на Трката околу Фландрија (десетти). Исто така го продолжил неговиот договор со екипата до крајот на сезоната 2022 во август 2020 година. Бенот немал победи во 2021 година, а најдобар резултат му било петтото место на Париз-Ница.
Тим Џамбо-Висма (2022-денес)
Во декември 2021 година, Бенот бил ослободен од неговиот договор со една година претходно и подоцна потпишал двегодишен договор со почнувајќи од 2022 година. Ја имал својата прва трка со екипата на Омлоп Хет Ниусблад и забележал прва завршница меѓу првите десет со деветтото место на Е3 Саксо Банк Класик следниот месец. Завршил втор на Дварс дор Вландерен, напаѓајќи ја водечката група во последните два километри, пред да биде претекнат од Матје ван дер Пул на завршницата во Варегем. Откако предводникот на екипата Ваут ван Ерт се откажал поради КОВИД-19, Бенот го споделил водството на на Трката околу Фландрија следниот викенд, со Кристоф Лапорт; Лапорт завршил деветти додека Бенот бил тринаесетти. Следниот викенд, Бенот завршил трет на Амстел Голд Рејс, напаѓајќи од главната група во завршниот километар на трката. Тим Џамбо-Висма имал историски резултат на Тур де Франс 2022. Бенот одиграл клучна улога поддржувајќи ги предводниците на екипата, особено откако повреди и откажувања го земале својот данок на трката. Ја преживеал трката и ја поминал целта во триумф со неговите преостанати колеги.
Личен живот
Покрај велосипедизмот, моментално студира економија на Гентскиот универзитет.
Необичното име на Бенот потекнува од американската пејачка Тиш Хинојоса, поради вљубеноста на неговите родители во музиката и името на уметничката.
Достигнувања
2011 7. Краен пласман Тур ду Валроми 2012 2. Краен пласман Трка околу Австрија за младинци 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 3. Национално јуниорско хронометарско првенство 3. Краен пласман Трофе Сентр Морбијан 5. Бернодо за млади 6. Краен пласман ГП Женерал Патон 8. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе 8. Краен пласман Крал на јуниорите 1. Етапа 1 2013 1. Тур де Мозел 2. Краен пласман Вуелта а Паленсија 1. Етапа 4 4. Краен пласман Сиркут де Ардени 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 8. Гран при де Марбријер 8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години 10. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид под 23 години 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 2014 2. Краен пласман Триптих на планините и замоците 1. 20п Бодовен пласман 3. Краен пласман Ронд де л’Изар 1. 20п Пласман за млад возач 3. Трка околу Фландрија под 23 години 4. Светско друмско првенство под 23 години 4. ГП Стад Зотегем 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години 5. Флеш Арден 6. Европско друмско првенство под 23 години 8. Бинше-Шиме-Бинше 10. Краен пласман Трка околу Данска 2015 2. Краен пласман Трка околу Белгија 3. Класик Хандзаме 4. Ле Самин 4. Париз-Тур 5. Трка околу Фландрија 5. Гран при Монтреал 6. Краен пласман Светски пристаништен класик 6. Ронде ван Зеланд 6. Дварс дор Вландерен 6. Друјвенкурс Оверејсе 8. Трофео Сера де Трамунтана 8. Краен пласман Енеко Тур 2016 1. 20п Пласман за млад возач Волта ао Алгарве 3. Трофео Сера де Трамунтана 3. Омлоп Хет Ниусблад 4. Трофео Поленка-Порт де Андрат 5. Краен пласман Трка околу Полска 6. Гран при де Валони 7. Е3 Харелбеке 7. Бриселски велосипедски класик 8. Страде Бјанке 9. Хејстсе Пејл 2017 3. Брабантсе Пејл 3. Трофео Поленка-Порт де Андрат 4. Курне-Брисел-Курне 4. Гран при де Валони 7. Дварс дор Вландерен 7. Трка околу Белгија 8. Краен пласман Волта ао Алгарве 1. 20п Пласман за млад возач 8. Страде Бјанке 8. Трофео Сера де Трамунтана 8. Вуелта а Мурсија 9. Класика де Сан Себастијан 2018 1. Страде Бјанке 3. Брабантсе Пејл 4. Краен пласман Тирено-Адријатико 1. 20п Пласман за млад возач 5. Е3 Харелбеке 5. Тур де л’Еурометропол 6. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан 6. Париз-Тур 7. Дварс дор Вландерен 8. Трка околу Фландрија 2019 1. Етапа 1 Трка околу Данска 2. Класик Бретања 4. Краен пласман Тур де Свис 4. Милано-Торино 5. Страде Бјанке 5. Дварс дор Вландерен 6. Тре Вали Варезине 9. Краен пласман Трка околу Британија 9. Трка околу Фландрија 10. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан 20п Награда за борбеност на етапа 9 Тур де Франс 2020 2. Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 6 8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 10. Трка околу Фландрија 2021 5. Краен пласман Париз-Ница 7. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 8. Краен пласман Трка Бенелукс 9. Гран при де Валони 10. Антверпен Порт Епик 2022 2. Дварс дор Вландерен 3. Амстел Голд Рејс 3. Класика де Сан Себастијан 9. Е3 Саксо Банк Класик
Распоред на резултатите
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро не настапил во текот на својата кариера 20п Тур — — 20 СО 59 75 СО 36 20п Вуелта — — — 95 — — — —Распоред на резултатите на поважните етапни трки Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Париз-Ница — — — — —25 — Тирено-Адријатико — 61 664 12 — — — Волта а Каталуња — — — — —НСО — — Трка околу Баскија — — — — — — — Тур де Романди — — — — — — — Критериум ди Дофине 26 — 12 14 — СО — 71 Тур де Свис — СО — —4НСО 15 —
Распоред на резултатите на класиците
Монумент 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Милано-Санремо — — 133 — — 20 — — Трка околу Фландрија5 СО СО8910 12 13 Париз-Рубе 100 114 — — СОНСО — — Лиеж-Бастоњ-Лиеж — — — 23 —87 СО Џиро ди Ломбардија СО — 57 25 24 — 29 — Класик 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Омлоп Хет Ниусблад 363 СО 59 СО 14 29 66 Курне-Брисел-Курне — —4 35 — 64 21 24 Страде Бјанке —8815 СО — СО Е3 Харелбеке 187 145 16НСО 159 Гент-Вевелгем — 15 — — 13 — — 34 Дварс дор Вландерен6 39775НСО 232 Брабантсе Пејл — —33 — — — — Амстел Голд Рејс — СО 15 СО —НСО 153 Флеш Валон — — — 52 — — — 11 Класика де Сан Себастијан 19 СО9 — СОНСО —3 Хамбуршки класик 46 — — 19 —НСО — Класик Бретања 22 27 — —2 — — — Гран при Квебек СО 18 12 — —НСО — Гран при Монтреал5 13 15 — — — Париз-Тур4 — —6 — — — —
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Олимписки велосипедисти на Белгија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020