Ханс Теодор Волдзен Шторм (; во — во Хадемаршен; често познат само како Теодор Шторм) — германски писател, кој бил познат како лиричар и автор на романи и проза како дел од германскиот реализам. По професија бил правник.
Живот
Шторм е роден во малиот град Хузум, на западниот брег на Шлезвиг, тогаш формално самостојано војводство управувано од кралот на Данска. Негови родители биле адвокатот Јохан Казимир Шторм (1790-1874) и Луси Шторм, родена Волдзен (1797-1879).
Штом одел на училиште во Хузум и во Либек, а студирал право во Кил и Берлин. Додека бил студент по право го објавил првото издание на поезија со браќата Тихо и Теодор Момзен.
Од 1843 година додека неговиот влез не бил забранет од данските власти во 1852 година работел како адвокат во Хузум. Во 1853 година, Шторм се преселил во Потсдам, а подоцна во Хајлбад Хајлигенштат во Тирингија во 1856 година. Се вратил во Хузум во 1865 година откако Шлезвиг станал дел од Прусија и станал окружен раководител („Landvogt“). Во 1880 година, Шторм се преселил во Хадемаршен, каде ги поминал неговите последни години во пишување и умрел од рак на 70 години.Adolf Stern, Biographical Note in The Rider on the White Horse, The Harvard Classics Shelf of Fiction, 1917
Шторм двапати се женел, најпрвин со Констанце Есмарх, која умрела во 1864 година и потоа со Доротеја Јенсен.
Дела
мини|десно|250п|Куќа на Теодор Шторм во Хадемаршен
Шторм бил еден од најважните германски писатели во век, како дел од реализмот. Напишал бројни приказни, поеми и романи. Негови две најпознати дела се романите „Имензе“ (Immensee; 1849) и „Јавачот на бел коњ“ (Der Schimmelreiter), најпрвин објавен во април 1888 година. Друг објавени дела се неколку изданија на неговите поеми (1852), новелата Pole Poppenspäler (1874) и новелата Aquis submersus (1877).
Анализа
Како Фридрих Хебел, и Теодор Шторм бил дете на Северното Море, но додека поезијата на Хебел има одвај некаков белег на неговиот роден крај, Шторм повторно и повторно се навраќа на чистата убавина на големите калливи рамнини, заканувачката море и неплодните пасишта — и додека Хебел се оддалечил од неговиот дом, Шторм се држи до него со љубоморна љубов. Во „Јавачот на бел коњ“, последниот од неговите 50 романи и сметан за ремек-дело на Шторм, дејствието во руралниот северногермански брег е средишно за пријатната и суеверна атмосфера и поставува сцена за борбата на човекот со природата — браните и морето.
Негови омилени поети биле Јозеф фон Ајхендорф и Едуард Мерике и влијанието на првиот е лесно забележливо во подоцнежната поезија на Шторм. Во текот на летна посета на Баден-Баден во 1864 година, каде бил поканет од неговиот пријател, писателот и сликарот Лудвиг Пич, се запознал со големиот руски писател Иван Тургенев. Разменувале писма и копии на нивни дела со години.
Наводи
Надворешни врски
Теодор Шторм и неговиот свет Биографија и многу негови дела Der Schimmelreiter (аудиокнига на германски јазик) Сите поеми на Теодор Шторм
Категорија:Родени во 1817 година Категорија:Починати во 1888 година Категорија:Луѓе од Хузум Категорија:Германски писатели Категорија:Германски романописци