Сузан Максут (турски: Süzan Maksut; Скопје, - , ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, доајенка на НУ Турски театар.
Животопис Максут била родена во Скопје во 1939 година. Од 1962 година станала член на ансамблот на драмата на Турски театар - Скопје каде што одиграла голем број улоги сè до пензионирањето во 2001 година. Добитник е на наградите Глумец на годината на весникот „Бирлик“ во 1969 година и Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 1974 година. Починала по кратко боледување во Скопје на 23 април 2015 година.
Филмографија Учествувала во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти. „Волшебното самарче“ (1975); „Најдолгиот пат“ (1976); „Исправи се, Делфина“ (1977); „Време, води“ (1980); "Солунски патрдии“ (1986); „Народни трибуни“ (1987); „Македонска сага“ (1993); „Во светот на бајките“ (1995); „Џипси меџик“ (1997); „Збогум Румелија“ (2007); „Последно лето на Балканот“ (2012).
Наводи
Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци [Категорија:Југословенски глумци]] Категорија:Македонски Турци