мини|десно|Женка

Тајвански фазан или Свајноов фазан () — птица од родот кокошкофазани (Lophura) семејството на фазаните (Phasianidae). Ова е ендемски вид на Тајван, но може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Опис Мажјакот има светкави сино-виолетови гради, стомак и задник, бел тил, црвена кикиришка, бела опашка и бела пувка. Женката е кафена, со жолти точки и сложени пругави шари и темнокостенлива опашка (надворешниот дел).

Кога мажјакот се перчи, кикиришката му се набабрува, прави еден скок и трча во круг околу женките.

Живеалиште Живеалиштето на тајванскиот фазан е ограничено на планинските шуми во средишниот дел на Тајван, на надморска височина до 2.300 м.

Се храни со семки, плодови и некои инсекти.

Женката несе по 2 до 6 јајца, кои ги квачи 25 до 28 дена. Младенчињата се способни да одат надвор од гнездото 2 до 3 дена откако ќе се испилат.

Заштита Тајванскиот фазан е малуброен поради ограниченото живеалиште и влошувањето на условите за живот, особено сечата на дрво. Дел од птиците се безбедни во заштитени подрачја, но други се намалуваат по бројност. Во минатото тајванскиот фазан се ловел и затоа исчезнал во извесни подрачја во 60-те и 70-те години на XX век. Денес, се смета дека живеат вкупно 10.000 единки.

Потекло на името Видот го научното име swinhoii во чест на британскиот природонаучник Роберт Свајно (1836-1877), кој прв го опишал во 1862 г.

Поврзано Кокошкофазани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кокошкофазани Категорија:Фауна на Тајван