Леопардов гекон () — предноќен копнен гуштер од семејството капачни гекони (Eublepharidae) чија природна средина се пустините во Азија особено Пакистан, делови од северна Индија. За разлика од повеќето гекони, леопардовите гекони поседуваат подвижни очни капаци. Овој гекон е доста распостранет како домашно животно и добро го поднесува животот во заробеништво.

Животното може да се види во терариумот на Зоолошката градина во Скопје.

Таксономија

Леопардовиот гекон првпат како вид е опишан од зоологот Едвард Блит во 1854 година како Eublepharis macularius. родовото име Eublepharis, е спој од старогрчките зборови еу (добар), и блефар (очен капак), бидејќи поседувањето на очни капаци е основната одлика која го разликува од останатите членови на ова потсемејство гекони, заедно со отсуство на прстни ресички, груба кожа, и ноќно однесување. Името на овој вид, macularius, потекнува од латинскиот збор macula што значи „точка“ или „белег“, што пак се однесува на природниот точкест изглед на животното. Леопардовите гекони се сродни со многу различни гекони меѓу кои и со aфриканскиот дебелоопашест гекон. Постојат четири видови кои се особено сродни со леопардовиот гекон, од кои еден бил сметан за подвид на леопардовиот гекон, постојат пет пдвидови на леопардовиот гекон

Распостранетост

Природното живеалиште на леопардовиот гекон се каменестите, степски и пустински области на јужна Азија: Авганистан, Пакистан, северозападна Индија, и во некои делови од Иран. Зимските температури во овие области се доста ниски, под , приморувајќи го животното да замине подземи во некаков вид на полухибернација, која се нарекува брумација, живеење од масните наслаги. Леопардовите гекони се предноќни влекачи, преку денот тие се ограничени на своите дупки, но се доста активни при зора или при самрак кога тмепературите се погодни. Овие гекони се самостојни, и вообичаено не живеат со други животни.

Исхрана

Леопардовите гекони се хранат со скакулци, лебарки, восочни црви, брашнени црви, суперцрви, други инсекти, земни црви, замрзнати глувчиња (овие имаат мрсни црни дробови). Во заробеништво, повеќето единки ќе сакаат да си ја ловат сами храната. Поголемиот дел од геконите во заробеништво ќе одбиваат да се хранат со мртов плен. Штурците се најчестата храна која им се дава во заробеништво, бидејќи можат да ги ловоат во својот терариум, како што истото би го правеле во своето природно живеалиште иако брашнените црви и одредени видови на лебарки се исто така застапени во нивната исхрана. Кога нема доволно храна во дивината на пустината, тие се потпираат на способноста да ги скалдираат вишоците на масти во својата опашка. Доволното количество на калциум и витамин D3 е исто така важен дел од нивната исхрана: како се прехрануваат во дивината е сè уште непознато, можно е да го добиваат од нивната разнолика исхрана со молци, пајаци, мравки, и други инсекти. Во заробеништво, е невозможно целосно да се копитра исхраната од дивината, па така им се нудат најхранливите инсекти,вообичаено напрашени со фина прав од калциум со додатоци на витамин D3 а понекогсш се хранат и директно присилно. Нивните остри сетила за мирис и вид им овозможуваат да трагаат по храна во дивината, па тие би го следеле пленот на некој начин како што тоа би го правел и вистинскиот леопард, мрдајќи ја нивната опашка, и удирајќи со истата кога ќе бидат задоволни и заситени.

Особености

Леопардовите гекони се доста поголеми од остантите гекони. Младенчињата по изведувањето имаат должина од 6,5 до 8,4 cm и тежат околу 3 грама, додека пак возрасните гекони се долги околу 20,5 до 27,5 cm и тежат околу 45 до 65 грама. Оние примероци кои се забележани во дивината имаат потемна, поеднставна и не се со изразена шареноликост на бои за разлика од оние кои се чуваат воо заробеништво како домашни миленици. Оние кои се во заробеништво имаат изразен број на бои и нивна шематска распределеност. Кожата на леопардовиот гекон е мошне издржлива, што пак обезбедува заштита од грубиот песок и каменстиот терен кој е присутен во нивната животна средина. Нивната страничност е препокриена со мали израстоци, што им дава груб изглед и појава, додека пак одоздола сње проѕирни и мазни. Како и сите останати влекачи, леопардовите гекони ја менуваат својата кожа. Некојку денови пред промената на кожата, кожата ја менува бојата и постанува проѕирно бело сива. Возрасните единки ја менуваат кожата еднаш месечно, додека пак младенчињата ја менуваат двапати во месецот. Геконите ја јадат својата променета кожа, со што под истата се забележува новата посветло обоена кожа. зашто леопардовите гекони го прават токму ова. Едната е дека леопардовите гекони во дивината ја јадат својата кожа за да не остават траговби дека биле таму. Другата теорија е дека со јадењето на кожата обезбедуваат белковини и други витамнини потребни за нивниот раст.

Леопардовите гекони се ладнокрвни. Тие ја впиваат топлината и енергијата во текот на денот додека спијат, за да можат да ловат и да ја варат храната во текот на ноќта. Исто така, тие имаат куси нозе, што им овозможува да бидат брзи и подвижни, додека пак нивните мали нокти им овозможуваат да се качуваат на гранки и камења. Леопардовите гекони имаат отвори на страната од главата кои служат како уши. Ушна опна ги прекрива и заштитува. Со помош на своите уши тие ја определуваат местоположбата на својот плен. Здравите леопардови гекони иммат дебела, месеста опашка, тенка опашка е сигнал дека стнаува збор за слабо нахранет гекон. Иако, кога се во заробеништво, опашката може да се задебели со исхрана од восочни црви, овие црви типично се премрсни за геконите за истите да ја стекнат потребната хранлива вредност. Тие исто така можат да се хранат со „розовки“, глувчиња стари еден ден со кои може да се задебели опашката, но сепак, тие имаат мала хранлива вредност. Размножувачите препорачуваат штурците да се премачкаат со хранлив прав пред истите да им се понудат живи или мртви. Леопардовите гекони можат да ја обноват својата дебела опашка доколку ја изгубат истата, сепак, обновените опашки имаат погруб изглед и никогаш нема да наликуваат на првобитната опашка.

За разлика од другите гекони, но како и сите леопардови гекони (т.е. родот Eublepharis), нивните прсти немаат подмачкувачки фатни набори (ламели), па неможат да се искачуваат по мазни вертикални ѕидови.

Заби

Леопардовите гекони се полифиодонтни, односно можат да го заменат секој од 100-те заби на секои 3 до 4 месеци. Во близина на целосно израснатите заби постои мал заменувачки заб кој се развива од заботворна матична клетка во забните почетоци.Identification of putative dental epithelial stem cells in a lizard with lifelong tooth replacement

Одбранбени механизми

Леопардовите гекони се плен на змиите, лисиците и други поголеми влекачи. Нивните осетливи сетила за слух и вид им помагаат да избегаат во ноќни услови. Покрај нивниот исклучителен вид и слух, нивната кожа им овозможува да се прикријат од нивните гонители. вкус и мирис исто така се важни за нивниот опстанок. Лупењето на кожата исто така ги отстранува непосакуваните мириси кои би ги следеле нивните гонители. Тие исто така преку ден се во своите подземни дупки и тунели, при што не само што ја избегнуваат дневната жештина, туку на тој начин избегнуваат да станат плен на некој од нивните ловци.

Леопардовите гекони имаат можност доброволно да ја отфрлат својата опашка доколку се нападнати, држени за опашката, гризнати за време на парењето или пак доколку се гризнати за време на хранењето. Ова се нарекува опашеста автотомија. По автотомијата опашката продолжува да мрда во период од околу 30 минути, овозмужувајќи му на геконот да избега од својот гонител. Опашката е голема и кај еден сроден вид (Christinus marmoratus) забележано е дека геконот без опашката може побрзо да избега. Напукнувањата во коските во опашката овозможуваат опашката брзо да се одвои, додека пак брзото стегање на крвните садови овозможува минимална загуба на крв. Ова откинување на опашката предизвикува голем стрес кај геконот, поради загубата на големите резерви на масно ткиво. Обновувањето на опашката започнува веднаш бидејќи истата е потребна за опстанокот. Изгубената опашка може да ја зголеми шансата за болест и во некои крајности и да го убие, но ова не се случува често. Обновените опашки најчесто ја задржуваат сличната боја со оригиналната опашка [сепак може да постои поголема разлика во распоредот на шарите], сепак тие се најчесто мазни и ги немаат истите својства квалитети и должина како првичната опашка. Опашкта ќе биде покуса и најчесто подебела од првичната опашка.

Полови разлики

Половите разлики се дефинирани како фенотиписки разлики меѓу мажјаците и женките од видовите. Може да се сретне кај животните, како на пример леопардовите гекони и останатите влекачи. Овие разлики се присутни кај возрасните мажјаци и женки, но тешко е да воочат кај младите гекони. Долната страна од геконите се користи за определување на полот на геконот. Мажјаците имаат преданални пори и гонадна испакнатост, додека пак кај женките има помали пори и нема надворешни испакнатости.

Мажјаците можат да го одредат полот на другите леопардови гекони со мирисање на фермоните на нивната кожа. Мажјаците спрема другите мажјаци реагираат агрсивно, додека пак кон женките се однесуваат нежно. Кон останатите мажјаци, мажјакот би се поткренал од самото тло, би ги истегнал своите екстремитети, и би го закривил својот грб, при што ќе го прикажат својот набабрен јазик како знак на агресивност. За подоцна да направи куси залетувања со брзи и истовремено жестоки каснувања кои најчесто ја расекуваат кожата а понекогаш можат да доведат и до потешки ранувања на противникот. Мажјаците се однесуваат на ист начин и кон женките во периодот кога ја менуваат својата кожа. Пред и по менувањето на кожата, мажјаците секогаш се нежни спрема женките.

Размножување

Леопардовите гекони се исто така познати по тоа дека полот на младите се образува под дејство на надворешната температура. Истражувањата покажуваат дека може да се добијат повеќе женки во предоминантно пониски температури (околу ) и при повисоки температури (околу ). Забележано е дека мажјаците се добиваат при средни температури (околу ). Женките родени при повисоки температури се разликуваат од оние кои се родени при пониски температури како хормонски така и во однесувањето. Оние кои се изведуваат при повисоки температури се поагресивни во однесувањето. Овие женки се познати како „жешки женки“ и најчесто станува збор за неплодни женки.

Леопардовите гекони се размножуваат најчесто во летниот период. Женките можат да ја складираат спермата за време на сезоната на размножување, и на тој начин да оплодат и до три гнезда јајца од еден или два сексуалн и односи, па оттука следи дека мажјаците се непотребни по првото или второто спарување. Еднаш кога женката се има спарено и ја примила спермата, ќе и биде потребно огромно количество на калциум за здравје и да се осигура дека јајцата ќе калцифицираат соодветно. Таа може да снесе од шест до осум легла, кои се состојат од две јајца во секое легло. Обично тие снесуваат две јајца приближно на 21 до 28 денови по спарувањето. По 45 или 60 денови, капки на влага че се појават на лушпата и истата ќе почне да се намалува и делумно да колабира. Ова се знаци дека јајцата ќе се изведат. Бебињата на леопардовите гекони поседуваат т.н. „јајчен заб“, калцифициран врв на крајот од муцката со кој ја разбиваат лушпата на јајцето. Овој заб ќе отпадне по два или три дена. Покрај ова, нивната кожа вообичаено се меува по 24 часа од изведувањето. Младите на леопардовите гекони не можат да јадат сè додека не ја променат својата кожа.

Заболувања и здравствени нарушувања

Родените и одгледаните во заробеништвво леопардови гекони не заболуваат од болести кои можат да се пренесат на луѓе. Салмонелата не претставува проблем, бидејќи истите живеат во сува околина и болестите вообичаено се случуваат во водени или полуводени видови кои се чуваат во несоодветни услови. However, there are several common diseases that leopard geckos may experience.