мини|Пристаништето во Дагебил мини

Дагебил (; мориншки: Doogebel; ) — општина сместена на западниот брег на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во округот Северна Фризија, во северниот дел на Германија.

Општината била создадена во 1978 година како спојување на општините Фаретофт, Јулијане-Мариен-Ког и Вајгард. Порано, Дагебил претставувал халиг, најстарите куќи биле изградени на вештачки ридови, кои делумно може да се видат и денес. Во 1704 година, областа била заштитена со морски брани.

Општински единици Дагебил-Кирхе

Општинската единица Кирхе („црква“; германски: Kirche; севернофризиски: Doogebel Schörk) се наоѓа во средиштето на полдерот Дагебил, во самото јадро на поранешниот халиг. Многу стари фарми сè уште се наоѓаат на вештачки ридови.

Кога црквата била изградена во 1731 година, немала ѕвоно. Дури во 1905/1906 година, кога биле собрани доволно средства било одлучено да се изгради камбанарија со ѕвоно.

Дагебил-Хафен

Општинската единица Хафен („пристаниште“; германски: Hafen; севернофризиски: Doogebel Huuwen) се наоѓа околу 3 километри западно од Кирхе, веднаш на самиот брег. Значаен дел од посетителите на островите Фер и Амрум заминуваат од копното преку пристаништето во Хафен. Местото обезбедува многу туристички објекти и голем паркинг и гаража за клиентите на фериботските линии. Јужно од фериботскиот терминал се наоѓал светилникот во Дагебил, кој не се користи повеќе.

Недалеку од светилникот се наоѓаат објектите Водната и бродска администрација, каде започнува железничката линија Дагебил–Оланд–Лангенес, која всушност е теснолиниска линија.

Фаретофт

Фаретофт (Fahretoft) се наоѓа помеѓу Дагебил и Вајгард. Спортскиот општински клуб, ФК Фаретофт/Вајгард, основан во 1965 година, е сместен тука. Еден од полдерите во областа, „Ботшлотер Ког“ (Bottschlotter Koog), кој бил создаден помеѓу 1633 и 1638 година, бил именуван по локалниот плимен поток. Овој полдер има 28 жители.

Историја

Областа на Дагебил била користена како мал халиг и во 1626 година имал површина од околу 450 хектари. Во и век биле направени неуспешни обиди, областа да се заштити со брани. Било невозможно да се запрат сите плимни потоци наеднаш. При големата поплава во 1634 година, Дагебил доживеал голема загуба на земја.

Во 1700 година, жителите добиле право за изградба на брана во 1702/1703 година. Новиот полдер Дагебил изнесувал 502 хектари и за разлика од стариот халиг, бил преместен на исток. Во 1704 година била изградена брана да го поврзе полдерот Дагебил со стариот полдер Кристијан-Албрехтс. Со создавањето на полдерот Клајзе во 1727 година, Дагебил на крајот станал дел од копното.

Сообраќај

мини|Фериботскиот терминал во Дагебил

= Бродски

Фериботскиот терминал обезбедува услуги за островите Фер и Амрум, за патнички и товарни бродови.

Железнички

Дагебил поседува две мали станици на рутата кон Нибил: Дагебил-Моле (на фериботскиот терминал) и Дагебил-Кирхе. Постои и помошна станица во рамките на Дагебил-Хафел. Оваа се користи само кога докот е поплавен поради високите бранови и бури.

Од 1929 година, мала теснолиска железница го поврзува Дагебил со хализите Оланд и Лангенес долж севернофризиското Ваденско Море. Железницата се користи за достава на стока и крајбрежно управување, без патнички сообраќај. Во почетокот, локомотивите имале едра и така биле носени од ветрот, но подоцна биле поставени моторите на дизел.

Патен

До Дагебил може да се дојде јужно преку Хузум и Бредштет и источно преку Нибил на покраинските патишта.

Парохија

мини|Црква Св. Лаврентиј во Фаретофт

Парохијата Дагебил се состои од двете единици на Дагебил и Фаретофт. Постојат две цркви, Св. Лаврентиј во Фаретофт, изградена во 1703 година и Св. Дионис во Кирхе.

Спортски клуб

ТСФ Фаретофт/Вајгард е локален спортски клуб, основан во 1965 година. Во клубот има фудбал, пинг-понг, гимнастика и бадминтон.

Познати луѓе

Ханс Моленхауер Милис (1883–1957) — виолиност и композитор Кристијан Јенсен (1839–1900) — мисионер Ханс Момзен (1735–1811) — земјоделец, математичар и астроном

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Црквата во Дагебил Туристичка страница за Дагебил Фериботскиот терминал во Дагебил

Категорија:Северна Фризија (округ)