Српска заедница во Македонија — здружение на граѓани во Македонија, регистрирано во 1991 година во Скопје. Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите.
Историјат Српската заедница во Македонија е формирана на основачкото собрание на 18 јуни 1991 година во Куманово, а е регистрирана на 26 јуни 1991 година во Скопје. Српската заедница во Македонија ја сочинуваат пет региони: Скопскиот, Кумановскиот, Тетовскиот, Пробиштипскиот и Валандовско-Гевгелискиот.
Активности
културно-образовен проект „Даница“ за зачувување на српскиот јазик, кој се реализира од 2010 година преку работилници во Скопје, Куманово, Тетово, Битола и Кучевиште. Проектот се реализира по пат на работилници (српски јазик, странски јазик, драмска, креативност, фолклор, музичка, историска, етнолошка и др.) Во рамките на проектот Даница се реализираат и летни школи за изучување на српски јазик. Свети Сава 27 јануари — национален празник на Србите во Македонија (се одбележува со централна Светосавска академија во Скопје и прослава на школска слава во ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане и ОУ „Кирил и Методиј“ - Кучевиште. Валандовска битка — парастос на Велики Петок, спомен костурница во Удово Видовдан 28 јуни — (централна Академија во Скопје, спортски и културни настани во Куманово-традиционален турнир во мал фудбал, Тетово, Скопје) Пробој на Солунски фронт 24 март — палење на свеќи за помен на загинатите при НАТО бомбардирањето на Србија 1999 година одбележување на Бадник со кршење на лепче 6 јануари, прослава на Стара нова година 13 јануари во рамките на активностите на СЗМ се одржуваат и промоции на книги, одбележување на значајни јубилеи (100 години од битката на Зебрњак, 100 години од почетокот на Првата светска војна) 6 април — положување на цвеќе пред споменикот на загинатите авијатичари при бомбардирање на Југославија од страна на фашистите и почетокот на Втората светска војна
Поврзано КУД Српски вез
Наводи
Надворешни врски официјална страница