Оливер Драгојевиќ () (, - , ) — хрватски музичар.
Животопис Детство Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит - Вела Лука.
Почетоци на естрадата Прв естрадни настап му бил детскиот фестивал во Сплит 1961 година со популарната песничка Балони. Истовремено со братот Аљоша снима тогаш познати светски хитови за радиостаницата Сплит. Веќе во 1963 се здобива со голем успех како пејач и клавијатурист на култниот сплитски бенд Батали. На натпреварот аматери пејачи од Хрватска, освојува прво место пеејќи.
Соработка со Руњиќ Фестивалски деби имал на Сплитскот фестивал 1967 на наговор од Зденко Руњиќ со неговото Пицаферајем. Оваа композиција не стигнала на завршната фестивалска вечер, ама оваа песна во седумдесеттите ќе стане еден од вечно зелените хитови на Оливер. По неуспехот во Сплит 1967 сè до 1972 година, Оливер свири по бројни западноевропски клубови усвојувајќи ги темелните одлики на подоцниот изведувачки манир. По краткотрајната епизода со Дубровничките трубадури која траела помалку од година дена и учеството на пионерските први сезони на сплитскaта група Море во летото 1974, повторно се приклучил на Баталите. На Сплитскиот фестивал се враќа во 1974 година, во голем стил ја освојува првата награда на публиката со композицијата Ча ће ми Копакабана. Потоа тогаш повторно воспоставува соработка со Зденко Руњиќ и во Сплит 1975 ја пее шансоната Галеб и ја, врвен погодок и почеток на долгогодишната соработка и наградите за најнадарениот авторски изведувач. Во наредните децении постигал бројни успеси на настапите на фестивалите, како и издавање на синглови и албуми. Награден е 21 пат со најзначајната хрватска музичка награда Порин. Добитник е на хрватското одликување во редот на Даница со ликот Марко Марулиќ.
Најголеми хитови Најпознати негови песни се: Галеб и ја (1975), Скалинада (1976), Малинконија (1977), Опрости ми папе (1978), Молитва за Магдалену (1978), Вјеруј у љубав (1979), Надалина (дует со Борис Дворник од 1980), Кароца (1982), Моје прво пијанство (1983), Свирајте ноћас за моју душу (1988), Што то бјеше љубав (1988), Нека се други радују (1990), Цесарица (1993)...
Дискографија
Фестивали Фестивал Сплит: 1967. Picaferaj 1974. Ћа ће ми Копакабана (Златни грб града Сплита) 1975. Галеб и ја 1975. 2002 година во Сплит 1976. Скалинада (Награда за интерпретација) 1977. Малинконија (II награда публиката) 1978. Опрости ми папе (I награда публиката) 1978. Поета (I награда публике) 1978. Цвит Медитерана (I награда од публиката и I награда од жирито) 1979. Вјеруј у љубав 1980. Пива клапа испо' волта 1980. Надалина (дует со Борис Дворник) 1981. Инфиша сан у те 1981. Липа моја ча си блида 1981. Шторија 1982. Кароца 1983. А битар пуше (Сребрни грб града Сплита: II награда на публиката) 1984. Луце мала (дует со Мариол) 1984. Анђеле мој (III награда) 1985. Своју звизду слидин 1986. Дишпердун 1986. Мижерја 1987. Стине 1988. Што то бјеше љубав (Награда од стручното жири) 1989. Од свег срца теби фала (дует со близнаците Смоје) 1990. Нека се други радују (I награда од публиката) 1990. Ти си мој сан (дует со Зорица Конџа,I награда на жирито) 1992. Без тебе (Златни грб града Сплита)
Мелодије хрватског Јадрана: 1993. Цесарица (Гранд при фестивала) 1994. Јубав моја 1995. Нисан ја за те 1995. Морски вук (дует со Тони Цетински) 1996. Маргарита 1996. Пјесма анђела (дует со Цецилијс) 1997. Испод сунаца златнога
Ваш шлагер сезоне: 1977. Ако изгубим тебе 1979. Данијела 1980. Вечерња љубав 1981. Ти си била све што ваља 1982. Госпојице, липо дите 1983. Моје прво пијанство (I награда на публиката, I награда од стручното жири, награда за најдобар текст и најдобра интерпретација) 1988. Један од многих (II награда)
Београдско пролеће: 1978. Молитва за Магдалену (II награда од публиката) 1979. Nocturno
Фестивал Загреб: 1976. Прва љубав 1977. Мајко да ли знаш 1978. Кључ живота 1981. Сан лептира 1988. Задње вече
Фестивал Опатија: 1975. Цеста сунаца 1976. Пјевај с нама 1978. Збогом остај љубави (I награда од публиката) 1980. Забрањено воће 1981. Заборави 1982. Лаку ноћ Луиђи, лаку ноћ Бепина 1982. Ћер од старег калафата 1982. Мама 1984. Камен испод главе (I награда од жирито и југословенските радио-станица "Златна камелија")
Карневалфест: 1977. Недостајеш ми ти
МЕСАМ - Београд: 1984. Спавај Катарина 1985. Кад би само љубит знала 1988. Ако икад оздравим
Задарфест: 1994. Ена 1996. Горе си ти
Евросонг: 1988. Џени (Југовизија, II место) 1990. Срећа је тамо гдје си ти (дует со Зорица Конџа, Југовизија, III место) 1994. Ар'ја (Дора, IV место) 1995. Богиња (Дора, II место) 1997. Луција (Дора)
Литература
Надворешни врски
Дискографија Оливера Драгојевића на -{diskografija.com}- Интернет презентација
Категорија:Корчулани Категорија:Хрватски пејачи Категорија:Музичка сцена на бившата СФРЈ