Стара Кресна — село во Општина Кресна, во регионот Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во планинскиот регион на општината, во западните падини на Пирин Планина. Оддалечено е 14 километри северно од гратчето Кресна и 39 километри јужно од Горна Џумаја.

Име Името на селото е само Кресна до 29 септември 1978 година, кога селото Гара Пирин е прогласено за град со новото име Кресна, а на истоименото населено место му се додава името „Стара“ - денес познато како Стара Кресна.

Историја Во XIX век селото е дел од Мелничката Каза на Серскиот Санџак во Отоманското Царство. алт=Pecat na Kresnensko-razloveckoto vostanie.jpg|лево|мини|Печатот на Македонското востание Во македонската историја селото е значајно бидејќи претставувало центар на Македонското востание, кое било кренато на 5 октомври 1878 година. Честопати во историските извори поради името на селото и востанието се среќава и како Кресненско востание.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 700 жители, сите Македонци.

Во 1901 година во Кресна по иницијатива на Јане Сандански е основан комитет на ВМОРО. Претстедател на комитетот е Андреј Мицов од Кресна, а одговорен на пунктот - брат му Прокоп Мицов.Сандански, Борис. Кратка енциклопедия Кресненски край, Сандански, 2003, стр. 212.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стара Кресна имало 720 Македонци егзархисти.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р. 192-193.

Стопанство

Демографија Според пописот од 2011 година, во селото живееле 71 жител.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото: националностброј%Бугари6794,3Роми/1,11Турци/0,29други34,22не се самоопределиле/0,40не одговориле11,40Вкупно71100 На табелата е прикажан бројот на населението во Стара Кресна за периодот 1965-2011: година193419461956196519751985199220012011жители4346595274442711851219971

Општествени установи

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски