Автономија (француски: „L’Autonomie”) бил полумесечен орган на Националниот комитет за автономија на Македонија и Албанија во Лондон, со мото: „Македонија на Македонците и Албанија на Албанците“.Блаже Миневски, „Кој го посеа семето на непријателството“, „Нова Македонија“, 10.06.2020. Се печател во периодот од 10 мај до 15 јули 1902 година. Издавач е организаторот и раководител на Комитетот Стефан Дамчев Македон (од Битолско), а уредник членот на Комитетот А. Лазаревиќ (Чернуцки).
Програмската концепција е објавена во првиот број во вид на меморандум до султанот, каде што во 12 точки се бара: автономија на Македонија (Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает) и на Албанија (Скадарскиот и Јанинскиот вилает) под политичка и воена власт на султанот.„Проект за автонимија на Македонија, Албанија, Стара Србија и Одрин од 1902 г.“ , „Македонска нација“, 28.03.2018.
Текстовите на петте броја на весникот се објавувани на француски и на англиски јазик, а со првите три броја, како посебен додаток, се печати и се дистрибуира и весникот “Eastern European Review”.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 788 стр.
Наводи
Литература Блаже Ристовски, „Историја на македонската нација“, МАНУ, 1999, 105-126 стр. Катерина Наумовска (ур.), „Автономија“, Скопје, 1995.
Категорија:Весници на македонската дијаспора Категорија:Албански весници