Вишна () — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во планински реон, на 17 километри северозападно од градот Петрич и на 40 километри југозападно од градот Свети Врач. Атарот на селото зафаќа површина од 1.226 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 560 метри.
Историја Османлиско Царство Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Вишани. Во истата година, во селото живееле 56 христијански и 4 муслимански семејства.Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 621-622.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вишна (Vichna) се состоело од 70 куќи од кои 145 жители муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150-151. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Вишна по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 81 111 195 168 131 97 78 68 52 51
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија