Византиска уметност — назив за уметничките производи на Византија, како и на нациите и државите кои ја наследиле културата од империјата. Империјата настанала од падот на Рим и траела сè до падот на Цариград во 1453 година,See Ernst Kitzinger, Byzantine art in the making: main lines of stylistic development in Mediterranean art, 3rd-7th century, pp 1-3, 1977, Faber & Faber, ISBN 0571111548 (US: Cambridge UP, 1977). The start date of the Byzantine period is rather clearer in art history than in political history, if still imprecise. многу источни православни држави во Источна Европа, и во некои од муслимански држави во источното Средоземје, зачувале голем број од делата на империјалната култура и уметност во наедните векови.
Дел од држави современици со Византија ниле под културно влијание на империјата, без притоа да бидат дел од византиската држава. Такви се на пример Бугарија, Србија, и Русите, како и неправославните држави како Венецијанската Република и Кралството Сицилија, кои имале блиски односи со Византија и покрај тоа што биле дел од западноевропската култура. Уметноста создавана од источните православни христијани кои живееле во Отоманското Царство честопати се нарекува „поствизантиска.“ Одредени уметнички традиции кои потекнувале во Византиското Царство, особено во поглед на цртањето на иконите и црковната архитектура се задржани во Грција, Србија, Бугарија, Македонија, Русија и други православни држави до денес.
Вовед
Како што Византија претставувала политички дел од Римското Царство, византиската уметност се развила од уметноста на Римското Царство, која пак била под влијание на старогрчката уметност. Византиската уметност никогаш не изгубила поврзаност со класичното наследство. Главниот град, Цариград, бил украсен со огромен број на класични скулптури,S. Bassett, The urban image of late antique Constantinople (Cambridge, 2004). иако тие во еден момент ќе станат загонетка за жителите на градот.C. Mango, "Antique statuary and the Byzantine beholder," Dumbarton Oaks Papers 17 (1963), 53-75. И анвистина, уметноста создавана во периодот на Византија, одбележана со периодично заживување на класичната естетика, пред сè била одбележана со развојот на нова естетика.
Најизразена особина на оваа нова естетика била нејзината “апстрактност” или неприроден карактер. Ако класичната уметност била означена со обид да се создадат претстави кој ја имитирале реалноста колку што е можно поблиску, византиската уметност го напуштила овој обид во корист на посимболичниот приод.
Природата и причините за оваа трансформација, која во најголем дел се случила во доцната антика, се дел од научната дебата низ вековите.O. Brendel, Prolegomena to the study of Roman art (New Haven, 1979). Џорџо Вазари вели дека ова се должи на падот на уметничката вештина и стандарди, кои пак за возврат биле повторно оживеани од страна на неговите современици од италијанската ренесанса. Иако ова гледиште спомнувано најчесто од Бернард Беренсон,B. Berenson, The Arch of Constantine; or, the decline of form (London, 1954). современите научници заземаат попозитивен поглед кон византиската естетика. Алоис Ригл и Јозеф Штрзиговски, кои пишувале на почетокот на век, се највиновни за откривањето на оваа доцноантичка уметност.J. Elsner, "The birth of late antiquity: Riegl and Strzygowski in 1901," Art History 25 (2002), 358-79. Алоис Ригл гледал на ова како на природен развој на предпостоечките насоки во римската уметност, додека пак Јозеф Штрзиговски гледал како на производ на “ориенталните” влијанија. Значајни неодамнешни пидонеси во дебатата се оние на Ернст Китцингер,E. Kitzinger, Byzantine art in the making (Cambridge, 1977). кој забележал “дијалектика” меѓу “апстрактните” и “хеленистичките” тенденции во доцната антика, и Џон Онианс,J. Onians, "Abstraction and imagination in late antiquity," Art History 3 (1980), 1-23. кој согледал “зголемување на визулениот одговор” во доцната антика, низ кој набљудувачот “може да погледне низ нешто што во век ње чисто апстрактно и го гледаат претставително.”
Во секој случај, дебатата е современа: јасно е дека виантијците не ја сметале својата уметност за апстрактна и нереална. Како што забележал и Сирил Манго, “нашиот сопствен восхит на византиската уметност потекнива во голем дел од фактот што оваа уметност е неприродна, сепак самите византијци, судејќи според нивните опширни изјави, кои ја сметале за високо природна и била во директна поврзаност со традицијата на Фидија, Апел и Зевксид.”C. Mango, "Antique statuary," 65.
Темите на монументалната византиска уметност била пред сè религиозна и империјална: двете теми се честопати комбинирани, како во портретите на подоцнежните византиски императори кој ја краселе внатрешноста на црквата од век Аја Софија во Цариград. Овие претстави се делумно резултат на благочестивата и автократна природа на византиското општество, и делумно се резултат на неговата економска структура: богатството на империјата било сконцентрирано во рацете на црквата и империјалните власти, кои ја имале најголемата можност да преземат монументални уметнички зафати.
Верската уметност не била, сепак, ограничена на монументалната украсеност на црковната внатрешност. Еден од најважните жанрови на византиската уметност била иконата, сила на Исус, Богородица, или светец, искористен како објект на почит во православните цркви и приватните домови. Иконите биле по природа порелигиозни отколку естетски: особено по крајот на иконоборствот, за истите се сметало дека искажуваат единствено “присуство” на личноста прикажана како “наликува” на личноста која грижливо е прикажувана таква со каноните за претставување.H. Belting, tr. E. Jephcott, Likeness and presence: a history of the image before the era of art (Chicago, 1994).
Украсувањето на книгите бил уште еден жанр на византискат уметност. Најчесто украсуваните текстови биле со верска природа, заедно обичните текстови и теолошките текстови (како што се Лествица од Јован Лествичник или пак беседите на Свети Григориј Богослов). Секуларните текстови биле исто така украсувани: важни примери се оние на Александрида и ситоријата на Јован Скилица.
Византијците го наследиле ранохристијанскиот сомнеж во монументалната скулптура во верската уметност, и созавале само релјефи, од кои само мал број се зачувани и се изработени во природна големина, со голема разлика од западната уметност од тој период, каде монументалната скулптура заживеала од Каролингенската уметност па натаму. помали изработки од слонова коска биле во најголем дел релјефи.
Таканаречените “мали уметнички дела” биле многу важни за византиската уметност и луксузни добра, вклучувајќи ги тука релјефите изрезбани во слонова коска како формална претстава на конзулските диптиси или ковчези како што се Веролскиот ковчег, тврдокамените резби, лакови, накит, метална изработка, и укрсната свила биле произведувани во големи количества низ периодот на византиското владеење. Многоу од овие дела биле со верска содржина, сепак биле создавани во голем број предмети со секуларно или нерепрезезационо украсување, како на пример изработки од слонова коска со теми од класичната митологија. Византиската керамика била релативно груба, бидејќи керамикате не се користела на масите на богатите, кој најчесто јаделе од сребрени садови.
Периоди
Византиската уметност и архитектура по убедување е поделена на четири периоди: ран период, започнува со Миланскиот едикт (кога било легализирано христијанството) и империјалното седиште било префрлено во Цариград, и трае сè до 842 година, со завршетокот на иноноборството, среден период, или висок период, започнуива со возобновувањето на иконите во 843 година и кулуминира со падот на Цариград под власта на крстоносците во 1204 година, доцен период кој ја вклучува еклектичната осмоза меѓу западноевртопските и византиските елементи во уметноста и културата, и завршува со освојувањето на Цариград од страна на Османлиите во 1453 година. Поимот псотвизантизам се користи за подоцнежниот период, каде нововизантизам се користи како име за уметноста и архитектурата од век па натаму, кога распадот на Отоманското Царство започнал ново ценење на Византија од страна на уметниците и историчарите.
Рановизантиска уметност
Два настани се од основно значење за развојот на единствената, византиска уметност. Прво, Миланскиот едикт, издаден од страна на Константин Велики и Ликиниј во 313 година, дозволил јавно искажување на христијанството, и довело до развој на монументалната, христијанска уметност. Второ, посветеноста на Цариград во 330 година создала нов голем уметнички центар во источната половина на империјата, особено христијанска уметност. Останатите уметнички традиции се развивале во соперничките градови како на пример Александрија, Антиохија и Рим, но сè додека овие градови не паднале под власта на арапите и готите - Цариград не ја наметнал својата надмоќ.
Константин посветил доста време на украсувањето на Цариград, украсувајќи го просторот со антички скулптури,S. Bassett, The urban image of late antique Constantinople (Cambridge, 2004) и го изградил форумот составен од столб кој на врвот имал негова статуа.G. Fowden, "Constantine's porphyry column: the earliest literary allusion," Journal of Roman Studies 81 (1991), 119-31; F.A. Bauer, Stadt, Platz und Denkmal (Mainz, 1996). Големите цариградски цркви се изградени во периодот на Константин и неговиот син, Констанциј II, вклучувајќи ги тука и првичните темели на Аја Софија и црквата на Светите Апостоли.T. Mathews, The early churches of Constantinople: architecture and liturgy (University Park, 1971); N. Henck, "Constantius ho Philoktistes?," Dumbarton Oaks Papers 55 (2001), 279-304 (available online ).
Следната голема градежна кампања во Цариград била спонзорирана од страна на Теодосиј I. Најважниот зачуван споменик од овој период е обелискот и основа изградена од Теодосиј во хиподромот,B. Kiilerich, The obelisk base in Constantinople (Rome, 1998), кој, големиот сребрен диск наречен мисориј на Теодосиј I, претставува класичен пример за нешто што се нарекува „Теодосиева ренесанса“. Најстарата зачуван црква во Цариград е базиликата на Св. Јован во Студитскиот манастир, изградена во век.T. Mathews, The early churches of Constantinople: architecture and liturgy (University Park, 1971)
Поради повторното градење и уништување, мал е бројот на Цариградски споменици кои се останати непроменети од најраниот период. Сепак, развојот на раната византиска уметност може да се следи преку градбите во останатите градови. На пример, важни ранохристијански цркви може да се видат во Рим (вклучувајќи ја Света Сабина и базиликата „Голема Богородица“),R. Krautheimer, Rome: profile of a city (Princeton, 2000). и во Солун (Ротонда и Богородица Неракотворна).J.-M. Spieser, Thessalonique et ses monuments du IVe au VIe siècle (Athens, 1984); S. Ćurčić, Some observations and questions regarding early Christian architecture in Thessaloniki (Thessaloniki, 2000).
Бројни важни книги, како верски така и секуларни, се зачувани од овој период. Класичните автори, како на пример Вергилиј (претставен со Ватикански ВергилијD.H. Wright, The Vatican Vergil (Berkeley, 1993). и Римски Вергилиј)D.H. Wright, The Roman Vergil and the origins of medieval book design (Toronto, 2001). и Хомер (претставен со Амброзиската илијада), ббиле илустрирани со наративни слики. Украсените библиски книги се зачувани само делумно: на пример, Кведлинбурска итала е само мал дел од богато украсената копија на книга Царства.I. Levin, The Quedlinburg Itala (Leiden, 1985).