Византиското Царство од страна на Ираклиевата династија била управувана во периодот од 610 година со назначувањето на Ираклиј I за цар а завршило во 711 по крајот на владеењето на Јустинијан II Ринотмет.
Позадина Ираклиј потекнува од семејство на кападокиски Ерменци, (највероратно Аршакиди) а негов татко бил поранешен гувернер на Картагина и прочуен војсководец со исто име како и неговиот син - Ираклиј. Како генерал имал голема улога во војната во 590 година против Персиската империја, под власта на царот МаврикијKaegi 2003, pp. 24 – 25.. Во 608 година татко му како африкански егзарх заедно со неговиот брат Григориј, според хиерархијата во семејството, покренале буна против узурпаторот Фока, кој го симнал од престолот на Маврикиј шест години пред тоа. Востаниците исекле свои монети, на кои се гледаат двајцата Ираклии со царски атрибути, иако никој од нив не бил прогласен за царMitchell 2007, p. 411.. Во околината на Цариград влегол во контакт со аристократите од градот, кои го убедиле дека ќе биде добредојден. При неговото пристигнување во градот, Ескувитите поминале на страна на Ираклиј и тој успеал да влезе во градот без отпор. Заробениот Фока бил донесен кај Ираклиј, кој го прашал: "Значи така управуваш со државата !?", на кое Фок му а одговорил: "Ти едвај ќе управуваш подобро!". Фока веднаш бил обезглавен од Ираклиј, а неговото тело било изгорено на Биковскиот форумOlster 1993, p. 133.. По овој настан, Ираклиј бил прогласен за цар на Римското Царство. На 5 октомври 610 година Ираклиј бил крунисан во црквата Света Софија, малку потоа се оженил за својата свршеница, Фабија Евдокија. Царицата, многу почитувана во Констанинопол починала во 612 година по кое Ираклиј склучил втор брак со својата внука Мартина.Kaegi 2003, p. 106..
Ираклиј I
Ираклиј I своето владеење го поминал со речиси постојано војување со против Персијците и Аварите. Кога Персијците стигнале до Халкедон, моштите на Света Ефимија биле пренесени во Цариград во истоимената црква. Во 617 година Аварите започнале напади врз Теодосиевите ѕидини, но истите се покажале доволно силни за да се повлечат. По овој неуспешен обид, Ираклиј размислувал да го напушти Цариград и да го воспостави главниот град во Картагина. Ова предизвикало паника меѓу жителите на Цариград и тие го принудиле патријархот Сергиј да го натера Ираклиј да се заколне дека никогаш нема да се откаже градот. Ираклиј во следниот период започнал две воени походи против Персија, но во 626 година градот бил ставен под опсада на Аварите и мал број на Бугари, Словени, Хуни и Скити, додека на помош дошле персиските сили кои нападнале од страната на Халкедон. Во еден момент Аварите биле пред остварување на својата цел, односно влегување во градот преку Влахерна, но според византиската традиција, пред византиските војници се поавила Пресвета Богородица и ги уништила силите на варварите. Потоа во средината на август пристигнале вестите за голема победа во Месопотамија од Византијците и Персијците и Аварите ја повлекле опсадата и тргнале назад кон нивните родни земји. Набргу потоа Ираклиј наредил да се изградат нови утврдувања на северниот крај на ѕидовите крај Златниот Рог Овие утврдувања, познати под името "Ираклиеви ѕидини", биле наменети да ги штитат храмот во Влахерна, каде на Аварите уште малку им биле потребно за да навлезат во градот.
Во 630 година Ираклиј го достигнал својот врв на својата моќ и слава, одејќи свечено во Ерусалим, каде го ставил повторно крстот во црквата на Светиот гроб. Во тоа време Мухамед успеал да ги обедини номадските племиња од Арапскиот Полуостров и само неколку години потоа исламските сили започнале инвазија кон териториите на Византија. Во чест на победите Ираклиј ја прифатил персиската титула "Цар на Царевите", напуштајќи ја старата царската титула "Augustus". Набргу потоа започнал да се нарекува василевс (гр. Βασιλεύς, лат. Basileus - грчки збор што значи "владетел"), титула која ја користиле сите останати византиски цареви, до распаѓањето на земјата. Исто така, во негово време латинскиот официјално бил сменет со грчкиот јазик. Неговото владеење ја одбележила византиската цивилизација со хеленски карактер. Во обид да го спаси верско единство на империјата, загрозена од монотелитите, Ираклиј се обидел да најде компромис меѓу монотелитството, доктрина пропагирана од Сергеј I Цариградски, која се сметала за еретичка од папа Јован IV. Кога монотелитските провинции биле освоени од исламот, монотелизмот ја игубил својата важност.
Постојаните војни меѓу Персија и Византија кон 6 и 7 век, и периодичната појава на епидемијата од чума (Јустинијанова чума) ги оставила и двете империи исцрпени и ранливи во лицето на ненадејната појава и ширење на исламот. Последната војна со Персија завршила со победа на Византија, а Ираклиј I ги вратил изгубените територии во Сирија и Палестина заедно со Ерусалим во 629 годинаTheophanes, Chronicle, 317–327* Greatrex–Lieu (2002), II, 217–227; Haldon (1997), 46; Baynes (1912), passim; Speck (1984), 178. Во Левант, инвазијата на Праведниот Калифат била пречекана од византиската војска составена од царска и локална армија. Според исламските историчари монофизитите и Евреите низ Сирија ги поздравиле арапските освојувачи бидејќи тие не биле задоволни од византиското управување. Римскиот цар Ираклиј се разболел и не бил во можност лично да ја води својата армија во походот во Сирија и Палестина во 634 година. Во Битката кај Аџнајдан, муслиманските сили постигнале голема победаNicolle (1994), 47–49. По победата Фахл, муслиманските сили го освоиле и Дамаск во 634 година на чело со Калид ибн ал-Валид. Византискиот одговор на тоа вклучувало собирање и испраќање на голем број на војници за да се вратат одземаните територии.Kaegi (1995), 112. Во Битката кај Јармук во 636 година, Византијците претрпиле голем пораз со кое Сирија била освоена. Јован Зонара за овој настан напишал: од тој момент, патот на освојувањето и расграбувањето на целата територија на Римјаните беше отворенZonaras, Annales, CXXXIV, 1288* Sahas (1972), 20. Муслиманските освојувања продолжиле преку освојување на Ерусалим во април 637 година, Газа во летото на 637 година, Антиохија кон крајот на 637 година. Во тој период, муслиманските сили ги имале заземено цела Северна Сирија, освен горниот дел од Месопотамија, кои биле освоени по една година примирје. На крајот од својот живот Ираклиј паднал во состојба на физички и психички колапс, станувајќи сведок на освојувањето на поголемиот дел од Египет од Арапите (641 година). Ираклиј починал во 641 година и бил наследен од Константин III.
Константин III Ираклиј
Константин III бил најстариот син на Ираклиј I и неговата прва сопруга Фабија Евдокија. Константин бил крунисан за ко-цар од татко му на 22 јануари 613 и малку подоцна бил свршен за својата братучетка, Грегорија, ќерка на првиот братучед на татко му, Никита. Бидејќи двајцата биле втори братучеди, бракот бил технички инцест. Константин и Грегорија се ожениле во 629 или 630 и истата година се родил синот првенец Констанс II Ираклиј. Второто дете исто така било машко, со име Теодосиј. Имале и ќерка која подоцна се омажила за сасанидскиот цар Јаздгерд III. Константин станал цар со полни права по смртта на неговиот татко, во 641 година. Управувал заедно со својот брат Ираклеон, син на Мартина. Неговите поддржувачи и неговиот приватен благајник Филагриј, стравувале од напад врз него од страна на Мартина и Ираклеон и го советувале да ја информира армијата дека починал и да побара помош за заштитата на правата на неговите наследници. Исто така, испратил голема сума пари, повеќе од 2 милиони солидна (златници), на Валентин Аршакуни за да ги раздаде на војниците, за да ги убеди да обезбедат стапување на престолот на неговите наследници по неговата смрт. Тој починал од туберкулоза по само 4 месеци и Ираклеон останал цар со полни права. Слухот дека по наредба на Мартина бил држен во затвор, довело до устоличување на Констанца II како ко-цар, а потоа до детронизација и протерувањето на Мартина и нејзините синови.
Ираклиј II
Констанс II Ираклиј
Во 40-тите и 50-тите години на векот, Арапите започнале инванзија кон Северна Африка и Мала Азија каде византиската власт изгубила голем број на територии. Последните византиски територии во Египет биле изгубени во корист Арапскиот калифат уште во 642 година, кога била заземена Александрија. Во 645 година византиската флота ја нападнала и вратила Александрија, но тие успеале да се задржат таму само околу една година пред Арапите да го заземат градот повторно. Земјите во Мала Азија речиси секоја година биле напаѓани од арапски армии. Азиските провинции на империјата се здобиле со големи опустошувања како резултат на арапската офанзива во Ерменија и Кападокија (647), Фригија (648), Киликија (650). Во 649 година Кипар, Крит и други острови биле нападнати од арапски бродови. Во 654 година Родос бил ограбен од Арапите, а во 655 година царската флота предводена од самиот Констанс била поразена крај бреговите на Ликија. По поразот царот едвај си го спасил животот, успевајќи да побегне. Започнатата во големи размери инвазија на Арапите кон Цариград било спречено исклучиво како резултат на верските борби во калифатот во 656 година. Ова им помагнало на Византијците привремено да ја обрнат ситуацијата во своја корист. Примирјето со Арапите било склучено во 659 година, но тоа траело само неколку години (до 662 година).
Империјата водела кампањи против Словените на Балканскиот Полуостров, при што во околу 658 година ги поразила сите племиња кои се населиле во Грција и Тракија. Константи II водел успешнен упад во нивните земјите северно од Дунав. Заробените Словени се населиле во напуштените области на Мала Азија и присилно биле мобилизирани во византиската војска. Во времето на Констанс II, самиот тој сакал да пронајде компромис во спорот меѓу православните христијани и поддржувачите на монотелизмот, учење кое било поддржано од Ираклиј и популарно во источните провинции, но истото било отфрлено од свештенството на запад. Неколку епископи ја прогласиле политиката на Констанс за еретичка. Религиозниот конфликт прераснал во воен кога во 646-7 година во Картагина избувал бунтот на локалниот егзарх Грегоријан, кој, охрабрен од африканските епископи, се прогласил за цар. Грегоријан загинал во следната година во битка против арапските сили. Тоа ставило крај на бунтот, но не и на несогласувањата.
Во 648 година Констанс II издал едикт со кој зазел позицијата на непристрасност меѓу двете фракции и забранил јавнита дискусија за догмата. На Латеранскиот собор во Рим во 649 година западните епископи ги отфрлиле овие решенија и ги изолирале источните патријарси кои ја поддржуваат тезата на монотелизмот. Тоа предизвикало реакција на царот по кое наредил на равенскиот егзарх Олимпиј да го уапси папата Мартин I, но за возврат Олимпиј исто така одбил да се покори и се прогласил за цар од 649 до 653 година. Зафатен со одбрана против Арапите, Констанс не бил во можност да одвои армија за задушување на бунтот. Дури откако Олимпик умира, новоименуваниот егзарх на Равена ја извршил наредбата на Констанс II и папата бил заточен во Керсон до својата смрт. Казнети исто така биле и другите духовници, незадоволни од политиката на царот.