Битката кај Маркели се одвила во 756 година на истоимената тврдина во близина на Карнобат, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Византијците.
Позадина
Во 755 година завршил подолгиот период на мир меѓу Дунавска Бугарија и Византија. Повод за тоа претставувале големите победи над Арапите од страна на византискиот цар Константин V Копроним. По успехот, тој презел активности за зајакнување на границите со Бугарија. За таа цел во Тракија биле раселени население од Ерменија и Сирија, кои имале воена служба. Хан Кормисош внимателно ги набљудувал активностите на Византија, и изградбата на нови византиски тврдини на границата претставувало нарушување на мирот склучен во 716 година од неговиот претходник Тервел. Бугарските пратеници сакале од Константин да плати данок за новоизградените тврдини. Одбивањето на византискиот цар било проследено со бугарски напад во Тракија. По грабежите на византиските земји, војските на Кормисош пристигнале до околината на Цариград. Крај "Долгиот ѕид" тие биле пречекани и поразени од императорската војскаЗлатарски, I/1: 267-269.
Конфликт
Во одговор на бугарската инвазија, во наредната година (756) Константин V Копроним презел голем поход кон Бугарија, на чие чело најверојатно во тоа време се наоѓал ВинехЗлатарски, I/1: 272. Една војска била испратена со флота од 500 бродови кон Дунав каде нанеле голем пораз на бугарските силиЗлатарски, I/1: 269-270. Самиот император со главните сили заминал во Тракија. Бугарите го пресретнале крај граничната тврдина Маркели (кај денешниот Карнобат).
Деталите за борбата не се познати, но таа завршила со победа на Константин. За да се избегне непријателска инвазија во своите земји, Бугарите испратиле заложници во ЦариградЗлатарски, I/1: 270. Три години подоцна (759) Константин сепак повторно извршил напад во Бугарија, но претрпел пораз во Битката кај Ришкиот превојЗлатарски, I/1: 274-275.
Наводи
Категорија:Бугарија во 8 век Категорија:Византија во 8 век Категорија:Битки во Византиско-бугарските војни Категорија:Карнобат Категорија:Дваесетгодишна анархија