Јоаким I () бил Вселенски патријарх од 1498 до 1502 и кратко време во 1504 година.

Живот Окулу младоста на Јоаким пред да стане цариградски патријарх, познато е тоа дека бил митрополит на Драма и дека бил млад, не особено учен, но многу способен за црковни рботи и градење на доблест. Есента 1498 тој бил избран за патријарх со поддршка од царот Константин II, заземајќи го местото на патријархот Нифонт II чиј потег бил поддржан од владетелите на Влашка. Грузија била христијанска држава, независна од Отоманското Царство и семи-автономна од религиска гледна точка, но земја која некогаш може да нанесе импресивно влијание врз патријаршиските избори.

Како патријарх, Јоаким бил доста популарен со неговата група: додека бил на пат кон Грузија за да собере средства, митрополитот на Силиври му понудил на отоманскиот султан 1000 златници за да биде назначен за патријарх на местото на Јоаким, но верниците ја собрале истата сума помеѓу себе и му платиле на султанот за да се избегне Јоакимовото отстранување од престолот. Пролетта 1502, сепак Јоаким бил симнат од престолот од страна на султанот Бајазит II кога се открило дека Јоаким наредил да се гради христијанска црква од камења без негова дозвола.

Откако Јоаким бил депозициониран, новиот патријарх бил повторно Нифонт II, кој сепак одбил да прифати. Тогаш владетелите на Влашка ја пренасочиле поддршката кон идниот патријарх Пахомиј I, кој бил избран во почетокот на 1503 година и владеел околу една година, сè до почетокот на 1504 кога пријателите на Јоаким собрале 3500 златници за да го вратат на престолот (500 златници повеќе од вообичаениот надоместок кој се плаќал на султанот за патријаршиско назначување).

Втората патријаршија на Јоаким траела само неколку месеци: кратко по избирањето, Јоаким отпатувал на северот со обид да ги поврати пријателските односи со неговите политички непријатели, но и двајцата Раду IV Велики од Влашка и Богдан III Едноокиот од Молдавија одбиле да се помират со него. Јоаким починал во 1504 година за време на неговиот престој во Влашка, Трговиште или во Дриста и бил наследен повторно од Пахомиј I.

Белешки __FORCETOC__

Надворешни врски Historia politica et patriarchica Constantinopoleos, Cap XIV: P. Ioachimus, (trans. Martin Crusius, 1584) Primary source. and

Категорија:Грци од 15 век Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1504 година Категорија:Грци од 16 век Категорија:Родени во непозната година