Дионисиј II () — Вселенски патријарх од 1546 до 1556 година.

Живот Дионисиј се родил во Галата (сега дел од Истанбул). Во 1516 тој бил назначен за митрополит на Никеја и бил избран за епископ од страна на патријархот Теолепт I.

Дионисиј бил наменет од патријархот Еремија I како негов наследник, а по смртта на Еремија тој бил избран на 17 април 1546 поддржан од популарните манифестации и против надежите на Светиот синод. За време на неговата патријаршија тој бил обвинет за зголемување на надоместокот на отоманскиот султан за назначување на патријарх, до вредност од 3000 екуси (монети) и за демолирање, наредено од султанот, на големиот крст на кровот од Манастирот Богородица Памакаристос, во тоа време седиште на патријаршијата.

Позначаен настан за време на неговата патријаршија бил патувањето во Италија, во 1546, на младиот митрополит на Кајсери, Митрофан, кој неколку години подоцна ќе стане патријарх. Дионисиј го испратил Митрофан во Венеција, главно поради собирање на финансиски средства, но Митрофан исто така заминал и во Рим и се запознал со папата. Во 1548 овие новости предизвикале голема загриженост кај дел од грчкото население во Цариград, проследени со немири и обид за убиство на Дионисиј, кого го сметале за виновен како и Митрофан. Дионисиј бил на работ на симнување од престолот, но никакви мерки не биле преземени против него бидејќи тој ја имал поддршката од султанот Сулејман Величествениот.

Дионисиј владеел сè до неговата смрт. Датумот за смртта е спорен помеѓу научниците, како резултат на тоа предложени се неколку дати, 1554 и 1555, но најверојатно точниот датум е јули 1556, заклучок донесен од документите на Венеција. Тој бил погребан во манастир на островот Халки.

Белешки

Надворешни врски

Категорија:Починати во 1556 година Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Грци од 16 век Категорија:Православни епископи од 16 век Категорија:Луѓе од Истанбул Категорија:Родени во непозната година