Битката кај Маркели се одвила во 792 година на истоимената тврдина во близина на Карнобат, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Позадина Во последната четвртина на 8 век бугарската држава излегла од домашната криза во која бил ставен крај на династија ДулоЗлатарски, I/1: 320-321. Владетелите Телериг и Кардам успеале да ја зацврстат централната власт и да стават крај на меѓусебните конфликти. Ова дало можност за започнување на бугарските напади во Македонија. Целта на овие напади била зазимање на областа и населувањето со словенски племиња кон државата со центар Плиска. Во 789 година, Бугарите пристигнале до течението на Струма каде на Византијците им нанеле голем пораз. За да ги принуди да се повлечат напаѓачите од Македонија, византискиот цар Константин VI (владеел во 780-797 година) презел офанзива во Северна Тракија, но во 791 година бил поразен во борба кај тврдината ПроватЗлатарски, I/1: 315-316.

Битка

Битката кај Проват останала без решителен карактер. Поради тоа, во текот на летото на следната 792 година византискиот цар испратил повторно војска кон Бугарија. Кардам го пресретнал со војниците крај граничната тврдина Маркели (во близина на денешниот град Карнобат). На крајот на јули Константин VI се решил да ја нападне тврдината. Според византискиот летописец Теофан ИсповедникЗлатарски, I/1: 316; ГИБИ, III: 277, тој бил потикнат од некој лажен пророк дека ќе ја освои тврдината. Пред почетокот на битката, бугарскиот владетел тајно ја скрил дел од својата коњаница зад ридовите, настрана од бојното поле.

Поради нерамниот терен кај византиската армија започнала да владее голема паника. Кардам го искористил тоа и презел противнападЖеков, Ж. Военната тактика на българите VII-IX век . Во овој противнапад бугарските сили доживеале голем успех. Коњаницата на Кардам го заобиколила на противникот и не му дозволила да замине кон тврдинатаШиканов, 48. По оваа победа, бугарските војски започнале напад кон царот, кој бил преследуван до Цариград. Византискиот цар бегајќи успеал да се спаси, но бугарските сили успеале да убијат голем дел од византиските началници.Златарски, I/1: 317

Последици

По поразот Константин VI бил принуден да склучи мир со Кардам. Според договорот, Византија се обврзила да плаќа данок на Бугарија. Четири години подоцна (796 година) царот прекинал со плаќањето. Ова води до нова војна во Тракија, која завршила без решителен судирЗлатарски, I/1: 317-320. Непријателските активности меѓу Бугарија и Византија продолжиле и во времето на наследникот на Кардам, ханот Крум.

Наводи

Литература

Теофан Изповедник. Хронографија – Грчки извори за бугарската историја (ГИБИ), том III, с. 277 (от „Vassil Karloukovski's Page“, 24.11.2008) Златарски, В. Историја на бугарската држава во средниот век, том I, дел 1, Софија 1970, Изд. „Наука и изкуство“, с. 315-321 (од „Книги за Македонија“, 24.11.2008) Жеков, Ж.. Воена тактика на бугарите VII-IX век – Военоисториски сборник 2004, №3 (од „Военно издателство“, 24.11.2008) Шиканов, В. Н. Византија. Орел и Лев: Болгаро-византийские войны VII-XIV вв. – Шатон, Санкт Петербург 2006, ISBN 5-94988-022-6

Категорија:Бугарија во 8 век Категорија:Византија во 8 век Категорија:Битки во Византиско-бугарските војни Категорија:Карнобат