Григор Димитров Димитров (роден на 16 мај 1991 г. во Хасково) е бугарски професионален тенисер. Негово највиско место на АТП листата е 3. место кое го достигнал во декември 2017, непосредно после освојувањето на АТП Мастерс Куп титулата во Лондон.

Димитров е најуспешниот бугарски тенисер - единствен кој бил рангиран во првите 10 играчи на АТП листата. Тој исто така е единствениот бугарски тенисер кој стигнал до вкупна заработка од 1 милион долари а подоцна и до 5 милиони долари.

Димитров е исто така првиот (и единствен) бугарски тенисер кој освоил АТП титула во поединечна конкуренција, како и единствениот бугарски тенисер кој стигнал до трето коло и подалеку на Гренд слем турнир. Тој во кариерата има освоено 4 АТП титули. Пред да стане професионален тенисер, Димитров бил одличен јуниор и бил прворангиран на јуниорската листа, притоа освојувајќи ги јуниорските титули на Вимблдон и Отвореното првенство на САД во 2008 година.

Детство и почетоци Григор е роден во Хасково, Бугарија како единствено дете на Димитар, тениски тренер, и Марија, професорка по спорт и поранешна одбојкарка.Tennis – ATP World Tour – Tennis Players – Grigor Dimitrov. ATP World Tour (May 16, 1991). Посетено на October 11, 2011. Тој за првпат фатил рекет на тригодишна возраст, а веќе од својата петта година започнал да игра секојдневно. Во почетоците тренер бил неговиот татко, но откако младиот бугарин го покажал својот талент во јуниорските турнири, било јасно дека тој ќе мора да се развива под други околности. Во 2007, Димитров се приклучил на академијата "Санчес-Касал", каде бил понатамошно трениран од страна на Емилио Санчес и Пато Алварез. Една година подоцна, Димитров се преселил во Париз и се приклучил на тениската академија на Патрик Муратоглу во која поминал четири години.

Личен живот Постоеле гласини дека Димитров е во врска со руската тенисерка Марија Шарапова во втората половина на 2012 година, но двајцата својата врска ја потврдиле по Мастерсот во Мадрид во 2013, каде Димитров ја забележал својата прва победа против својот добар пријател, светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ. Покрај мајчиниот јазик, Григор го зборува и англискиот јазик, а вели дека го интересираат спортот, автомобили, комјутери и часовници. Тој го добил прекарот "Baby Fed" поради неговиот стил на игра и тенискиот талент сличен на Роџер Федерер.

Јуниорска кариера Својата прва голема титула Григор ја освоил на 14 години, освојувајќи го Европското првенство за тенисери до 14 години. Во 2006 тој бил победник на престижниот Оринџ Бол за тенисери до 16 годиниWill Captures Orange Bowl 16s Singles Title . United States Tennis Association. May 25, 2008 а следната година бил прогласен за ѕвезда во подем на турнирот Eddie Herr International.Eddie Herr International Junior Tennis Championships . Eddieherr.com. Посетено на October 11, 2011.

Во 2007, Димитров бил финалист на Оринџ Бол за тенисери до 18 години, и бил поразен од литванецот Ричардас Беранкис. Заедно со Васек Поспишил, тој стигнал до финалето во двојки на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД, но парот доживеал пораз од Жонатан Ејсерик и Жером Инзерило.

Следната сезона, Димитров стигнал до четвртфиналето на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на Франција, во кое бил поразен од Јежи Јанович во три сета. Сепак, тој успеал да го освои јуниорскиот Вимблдон победувајќи го во финалето финецот Хенри Континен. Тој стигнал до титулата без изгубен сет и покрај тоа што играл со повреда на рамото низ целиот турнир. Одличните игри Димитров ги продолжил на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД, каде стигнал до својата втора јуниорска гренд слем титула, победувајќи го во финалето американскиот квалификант Девин Бритон во два сета. По турнирот, Димитров објавил дека тој ја завршува својата јуниорска кариера и во иднина ќе се фокусира на својот АТП ранк. На 8 септември тој станал прв јуниор во светот, прескокнувајќи го тајванецот Цунг-хуа Јанг. Тој ја завршил 2008 година како трет јуниор во светот.

Како јуниор, Димитров имал вкупен биланс од 66 победи и 25 порази во поединечна конкуренција (и 42 победи и 20 порази во двојки).

Финалиња на јуниорски Гренд слемови: 3 (2–1) Поединечно: 2 (2 титули) ИсходБр.Датум !style="width:200px"|Гренд слемПодлогаПротивник во финалето !style="width:180px" class="unsortable"|РезултатПобедник1.6 јули 2008ВимблдонТрева Хенри Континен7–5, 6–3Победник2.8 септември 2008Отворено првенство на САДТврда Девин Бритон6–4, 6–3

Во двојки: 1 (1 финалист) ИсходБр.Датум !style="width:220px"|Гренд слемПодлогаПартнер !style="width:180px"|Противници во финалето'''РезултатФиналист1.9 септември 2007Отворено првенство на САДТврда Васек Поспишил Жонатан Ејсерик Жером Инзерило2–6, 4–6

АТП финалиња во кариерата Поединечно: 6 (4-2) ЛегендаГренд слем (0–0)АТП завршен Мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП 500 серија (1–0)АТП 250 серија (3–2)Титули по подлогаТврда (2–2)Земја (1–0)Трева (1–0) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатФиналист1.6 јануари 2013Бризбејн, АвстралијаТврда Енди Мари 6–7(0–7), 4–6Победник1.20 октомври 2013Стокхолм, ШведскаТврда Давид Ферер2–6, 6–3, 6–4Победник2.1 март 2014Акапулко, МексикоТврда Кевин Андерсон7–6(7–1), 3–6, 7–6(7–5)Победник3.27 април 2014Букурешт, РоманијаЗемја Лукаш Росол7–6(7–2), 6–1Победник4.15 јуни 2014Лондон (Квинс), Обединето КралствоТрева Фелисијано Лопес6–7(8–10), 7–6(7–1), 7–6(8–6)Финалист2.19 октомври 2014Стокхолм, ШведскаТврда Томаш Бердих7–5, 4–6, 4–6

Во двојки: 1 (1 финалист) ЛегендаГренд слем (0–0)АТП завршен Мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП 500 серија (0–0)АТП 250 серија (0–1)Титули по подлогаТврда (0–0)Земја (0–0)Трева (0–1) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПартнерПротивнициРезултатФиналист1.16 јуни 2011Истбурн, Обединето КралствоТрева Андреас Сепи Џонатан Ерлих Енди Рам3–6, 3–6

Признанија Најдобар млад тенисер во Бугарија - 2005 Бугарски спортист на годината - 2014

Наводи

Надворешни врски

Дејвис куп профил Официјално мрежно место

Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Бугарски тенисери Категорија:Луѓе од Хасково