мини|десно|250п|Граничниот премин „Кулата-Драготин“, од Пиринска во Егејска Македонија. Кулата или Кула () — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Во минатото се нарекувало Петричка Кула, за да се разликува од блиското село Кула (Серска Кула) во Егејска Македонија, денес преименовано во Палеокастро.
Географија Селото се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, на левиот брег на реката Струма. Се наоѓа крај самата граница помеѓу Пиринска и Егејска Македонија, т.е. најблиско населено место до бугарско-грчката граница по патот Софија - Солун (Европски пат Е79), како и крајна точка на бугарскиот Републички пат I-1 и автомагистралата „Струма“. Поради тоа, тука е сместена царинарницата „Кулата“, во чија надлежност е „Златарево“. Овде е граничниот премин „Кулата-Драготин (Промахон)“.
Историја Денешното село Кулата е наследник на стара средновековна населба. Во 1950-те, во училишниот двор се откриени темелите на триконхална средновековна црква, која го опслужувала населението од X до XII век. Освен тоа, околу стариот храм се најдени и неколку гробови, во временски распон од X до XIX век. Името на оваа стара населба е непознато, но се претпоставува дека играл улога на заштита на важниот премин низ Рупелската Клисура.
Во XIX век Кулата било мало македонско чифлигарско село во Демирхисарската Каза. Во 1830-те, францускиот геолог Ами Буе поминал низ селото и го опишал вака:
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кула (Koula) било село со 20 домаќинства сочинети од 65 Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 138-139.
Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Кула броела 110 жители, сите Македонци-христијани.
Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. селото веќе прешло во состав на Мелничката Каза. Населението на Кулата (Koulata) се состоело од 96 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.192-193.
Во октомври 1925 г. за време на грчко-бугарскиот пограничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото Кулата е окупирано од грчката армија.
Установи Кметство Основно училиште „Св. Кирил и Методий“ Читалиште „Гоце Делчев“ Црква „Св. Атанас“
Слики
Личности Александар Манолев (р. 1976) — политичар, заменик-министер Димитар Панделиев (1927 – 1995) — драматург и писател Емил Рупел (р. 1939) — писател Љубен Пехливанов (р. 1943) — офицер, генерал-полковник Никола Антонов — учител-педагог, борец во Балканските војни во четата на Таската Серски; можно е да е од Серска Кула„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 46. Лија (Емилија Парушкова; р. 1970) — пејачка
Поврзано Рупелска Клисура Светиврачко-петричка Котлина
Наводи
Надворешни врски
Историја на с. Кулата — книга „Дедо“ — напис за иселениците од Кулата од Геогри Брдаров
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Бугарско-грчки гранични премини