Гензебе Дибаба Кенени (родена на 8 февруари 1991) е атлетичарка од Етиопија која се натпреварува на трките на средни и долги патеки. Таа е сестра на трикратната олимписка шампионка Тирунеш Дибаба и на олимписката сребрена медалистка Еџагајеху Дибаба, и братучетка на поранешниот олимписки шампион Дерарту Тулу.Dibaba sisters make it a family affair – Edinburgh 2008. IAAF (2008-03-30). Посетено на 2013-02-17. Гензебе е актуелна светска рекордерка на 1500 метри, истрчувајќи 3:50.07 на митингот од дијамандската лига во Монако на 17 јули 2015.
Гензебе го освоила златниот медал на Светското првенство во сала 2012 на трката на 1500 метри, како и златниот медал на Светското првенство во сала 2014 на трката на 3000 метри и во нејзина сопственост се светските рекорд во сала на тие делници.
На Светското првенство 2015, Гензебе го освоила златниот медал на трката на 1500 метри, а исто така го освоила и бронзениот медал на трката на 5000 метри.
Лични рекорди Дисциплина Резултат Место Датум РекордНа отворено1500 метри3:50.07Монако, Монако17 јули 2015Светски рекорд3000 метри8:26.21Доха, Катар9 мај 20145000 метри14:15.41Париз, Франција4 јули 2015Во сала1500 метри3:55.17Карлсруе, Германија1 февруари 2014Светски рекорд3000 метри8:16.60Стокхолм, Шведска6 февруари 2014Светски рекорд5000 метри14:18.86Стокхолм, Шведска19 февруари 2015Светски рекордЕдна милја4:13.31Стокхолм, Шведскафевруари 2016Светски рекорд„Дибаба собори атлетски рекорд од пред 26 години“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 23.
Наводи
Надворешни врски Профил на IAAF.org
Категорија:Етиопски долгопругаши Категорија:Родени во 1991 година