мини|Лого Вработена девојка - (англиски: Working Girl) - американски филм од 1988 година, во режија на Мајк Николс. Главните улоги ги играат: Харисон Форд, Мелани Грифит, Сигурни Вивер и Џон Кузак. Во 1989 година, филмот освоил еден „Оскар“ во категоријата „најдобра музичка нумера“, а имал уште пет номинации. Истата година, филмот освоил четири награди „Златен глобус“, и тоа за: најдобар филм - комедија/музички филм, најдобра глумица (Грифит), најдобра споредна глумица (Вивер) и најдобра музичка нумера. Најпосле, филмот се закитил и со наградата „Греми“ за најдобра филмска песна.IMDb, Working Girl (1988), Awards (пристапено на 2.9.2015) Содржина Тес Мекгил (ја игра Грифит) е млада жена која е поинаква од другите убави жени во Менхетен. За разлика од нив, таа се однесува отворено и ги одбива љубовните понуди на своите шефови. Кога ќе остане без работа, Тес се вработува како секретарка на моќната деловна жена Кетрин Паркер (ја игра Вивер).„Вработена девојка“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 15. Наводи
Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1988 година Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на Мајк Николс Категорија: Филмови со Харисон Форд Категорија: Филмови со Џон Кузак Категорија: Филмови со Сигурни Вивер Категорија: Филмови со Мелани Грифит