Арс Ламина - публикации - македонска издавачка куќа, со седиште во Скопје.
Организација и менаџмент Издавачката куќа Арс Ламина - публикации е дел од друштвото со ограничена одговорност Арс Ламина, со седиште во Скопје, на бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50, VI кат. Во рамките на издавачката куќа работи редакцијата „Либи“.А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го грабна кралот на шпоретите? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
Компанијата „Арс Ламина“ е основана во 2005 година како репро-студио, а од 2009 година со издавањето на првата книга, приказната ја продолжиле и како издавачка куќа, со мисија да ги подигне стандардите во издаваштвото на повисоко ниво.
Денес, „Арс Ламина“ е најголемиот и најважниот издавач на образовна литература: учебници, збирки и други дидактички и едукативни изданија за основните и средните училишта, како и на стручна и академска литература.
Лидери во објавувањето на современа белетристика, светски и домашни класици од најзначајните писатели и литературата за деца и млади, со најбараните сликовници и книги од најпознатите и најнаградувани светски автори. Бележиме континуиран подем и развој, со објавени повеќе од 200 книги годишно од сите области.
Семејството на „Арс Ламина – публикации“ се состои од неколку импринти (издавачки оддели): „Арс Ламина“ (образовни и стручни изданија), „Арс Либрис“ (белетристика), „Либи“ (детска книжевност), „Попули“ (популарна литература) и „Скрипти“ (дизајнирани нотеси и гифт-програма).
Главни уредници во Арс Ламина биле: Бранка БугарискаВелко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 167.
Како уредници во Арс ламина - публикации работеле: Билјана С. ЦрвеновскаКочо Рацин, Бели мугри. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2018, стр. 63. Надица ФирфоваА. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор?. Скопје: Арс ламина - публикации, 2015, стр. 2. Татјана Димовска-АтанасоваВелко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 167.
Издавачка дејност Каролина Каприја, Четири пријатели онлајн! (2015)Каролина Каприја, Четири пријатели онлајн!. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2015. А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го грабна кралот на шпоретите? (2015) А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Крадец... отмен мачор (2015) А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Чудниот случај на исчезнатите колбаси (2015) А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го наместо Жан Мусташ? (2015) А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го украде златниот мачор? (2015) А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Голем напад на париската банка (2015) Кочо Рацин, Бели мугри (2018)Кочо Рацин, Бели мугри. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2018. Велко Неделковски, Збунети години (2019)Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019.
Надворешни врски Официјално мрежно место на Арс Ламина
Наводи
Категорија:Македонски издавачки куќи