Џамијата Сејид Нур Ел Араби е муслимански храм кој се наоѓа во Струмица, Македонија, во т.н. Циганско маало во непосредна близина на Црквата Св. Петнаесет тивериополски маченици. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство, и истата го носи името на суфискиот мистик Мухамед Нур ел-Араби од XIX век.
Џамијата била изградена во 1985 година, додека во текот на 2013 година била реновирена и официјално пуштена на 1 ноември 2013 година во употреба. На отворањето на реконструираната џамија присуствувал Генералниот Секретар на ИВЗ Африм Тахири и и претставници од Општина Струмица.
Наводи
Категорија:Џамии во Струмица Категорија:Македонската архитектура во 2013 година Сејид Нур Ел Араби