Мехмед-агина џамија — главна и единствена џамија во селото Радање, во Општина Карбинци, Македонија.

Местоположба

Џамијата се наоѓа во средишниот дел на селото Радање.

Историја

Единствен извор за историјата на изградбата на објектот се наоѓа на натписот на влезната врата. Според натписот кој е украсен со декоративно писмо, џамијата е изградена во периодот 1668-1669 година од страна на царскиот намесник Мехмед-ага.

Објектот е во фаза на конзервација и реконструкција и наскоро истиот ќе биде спремен за презентација пред пошироката културна јавност, а воедно ќе започнат и религиозните обреди.

Архитектура

Џамијата со своите стилски особености и архитектонски одлики претставува значаен споменик на османлискиот период. Употребата на добро обработениот камен, употребуван при градбата на некои џамии и цркви во кумановскиот и штипскиот регион, дава информации дека џамијата била градена од домашни мајстори. Прецизната изработка на декоративните боени елементи видливи во внатрешноста на џамијата, зборуваат за значењето на овој верски објект.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Категорија:Радање Категорија:Џамии во Општина Карбинци Категорија:Џамии во Штипското муфтиство