QRpedia (изг. ку-ер педија или кју-ар-педија) — систем за мобилни уреди кој користи QR-кодови за давање пристап до статии од Википедија на нивниот претпочитан јазик. Ваквиот код се наменет да води до одредена еднообразна ресурсна назнака (URI), но QRpedia дава дополнителни можости. Со програмот раководи и е во сопственост на Викимедија Обединето Кралство (WMUK).
Осмислувач на QRpedia е википедијанецот Роџер Бамкин, а програмирањето го извршил Теренс Идн. Системот е претставен во април 2011 г., а денес се користи во разни музеи, галерии, зоолошки градини и други установи во Австралија, Британија, Бугарија, Германија, Естонија, Индија, Македонија, Чешка, Шпанија и САД. Изворниот код е слободно достапен за пренамена под условите на MIT-лиценцата.
Процес
Кога корисникот ќе го вчита QRpedia-кодот на неговиот мобилен уред, уредот го претвора во еднообразен пронаоѓач на ресурси (URL) користејќи го доменското име „qrwp.org“, а чија патека (конечен дел) е насловот на статијата на Википедија, па праќа барање за статијата укажана во URL-то до мрежиот опслужувач на QRpedia. Покрај ова, го утврдува и предава јазикот на кој е наместен уредот.
По ова, опслужувачот на QRpedia го користи посредник за програмирање на прилози (API) на Википедија за да утврди дали постои верзија на википедиската статија на јазикот што се користи на уредот, и ако постои, ја дава во формат соодветен за мобилни уреди. Доколку не постои таква статија, тогаш опслужувачот ги нуди расположливите јазици или пак превод со Гугл.
Вака, QR-кодот може да даде една статија на многу јазици, дури и кога установата не е во можност да направи свои преводи. QRpedia исто така води статистичка евиденција за нејзиното користење.
Настанок Творци на QRpedia се википедијанецот Роџер Бамкин, и советникот за мобилни семрежни работи Теренс Идн, а првпат е претставена на 9 април 2011 г. на настанот „Зад сцената“ (Backstage Pass) во Музејот и уметничка галерија Дарби, како дел од соработката „ГБАМ/Дарби“ помеѓу установата и Википедија, во чиј состав се напишани и преку 1.200 статии на неколку јазици.Roger Bamkin, interviewed on BBC Radio Derby by Phil Trow, 2011-08-30 називот на проектот е кованица од „QR (Quick Response)“ и „-педија“.
Примена
QRpedia досега е применета на повеќе места во светот:
Детски параклис, црква „Св. Јаков“ во Сиднеј, Австралија Детски музеј во Индијанаполис, САД Конгресни гробишта Музеј и уметничка галерија Дарби, Англија Спорски музеј на Естонија Музеј „Правосудни галерии“ во Нотингем, Англија задолжбина „Жоан Миро“, Шпанија вклучувајќи гостувачка изложба во „Тејт“, Лондон Национален архив, Британија Национален информатички музеј (Британија) Софиска зоолошка градина, Bulgaria градот Монмут во Велс — проект „Монмутпедија“. Црва „Св. Павле“, Бирмингем, Англија разни споменици во Прага (Прага 10) Нова уметничка галерија во Волсол, Англија Зоолошка градина Скопје, МакедонијаВикипедија:ВикиПроект Зоо Скопје Галичник, Македонија
Награда Во јануари 2012 г. QRpedia станала еден од четирите проекти (од 79 кандидати) прогласени за најиновативни мобилни претприемања во Британија за таа година од проектот „СМАРТ УК“, а потоа влегла и во конкуренција за Светскиот мобилен конгрес во Барселона во 2012 г.
Поврзано QR-код Википедија:ВикиПроект Зоо Скопје
Наводи
Надворешни врски
QRpedia Проектот Qrpedia на GoogleCode
Категорија:Линиски кодови Категорија:Слободна програмска опрема Категорија:Програмска опрема за мобилни уреди Категорија:Википедија