Малколм Блај Тарнбул (; р. 24 октомври 1954) — австралиски политичар, водач на Либералната партија и тековен премиер на државата почнувајќи од септември 2015 г. пратеник за Вентворт, Нов Јужен Велс од 2004 г. до денес.

Тарнбул ја посетувал Сиднејската гимназија, па запишал право на Сиднејскиот универзитет и дипломирал општествени и правни науки. Потоа добил Родсова стипендија и се запишал на колеџот „Брејзноуз“ на Оксфордскиот универзитет, каде дипломирал граѓанско право. Пред да стане политичар, работел како новинар, правник, инвестициски банкар и стопанисувач со ризичен капитал. Од 1993 до 2000 г. служел и како претседател на Републиканското движење на Австралија.

Во 2007 г., Тарнбул накратко служел како министер за животна средина и водостопанство во кабинетот на Џон Хавард, па во септември следната година бил избран за водач на Либералната партија, и со тоа станал водач на опозицијата. Во 2009 г. застанал на страна на мерките за стакленички гасови предложени од владеачката Лабуристичка партија, што предизвикало поделба меѓу членството на Либералната партијата. Поради ова се свикани нови избори за водач на партијата, на кои Тарнбул изгубил од Тони Абот за еден глас. Во прво време бил со намера да ја напушти политиката, но потоа се премислил, останал на пратеничкото место, па во септември 2013 г. станал министер за комуникации во владата на Абот.

Во септември 2015 г., Тарнбул застанал како противкандидат на Абот за водство на партијата, и го освоил местото со 54 гласа наспроти Аботовите 44. Со тоа, веќе следниот ден го заменил и на функцијата премиер на Австралија.

Поврзано Тарнбулова влада Либерална партија на Австралија Премиер на Австралија

Наводи

Надворешни врски

Матична страница Парламентарен профил

Категорија:Премиери на Австралија Категорија:Австралиски политичари Категорија:Политичари од Либералната партија на Австралија Категорија:Австралиски министри Категорија:Австралиски адвокати Категорија:Австралиски новинари Категорија:Австралиски банкари Категорија:Австралиски стопанственици Категорија:Луѓе од Сиднеј Категорија:Родени во 1954 година Категорија:Живи луѓе