мини|250п|Бележник за морското ниво кај Мртвото Море во Израел, каде прикажаното место е под нивото.
Морско ниво или морско рамниште (најчесто подразбира средно морско ниво) — просечното ниво на површината на дадено море или сите океани: Оваа вредност се зема како појдовна при изразувањето на надморска височина во картографијата and морепловството и воздухопловството. Во последниот случај, ова е стандардна надморска височина на која се мери атмосферскиот притисок за баждарење на висината на која ќе лета воздухопловот.
Во поедноставни ситуации, како стандард се зема средниот водостој помеѓу плимата и осеката на некое место.What is "Mean Sea Level"? (Proudman Oceanographic Laboratory).
Морското ниво го засегаат повеќе чинители и истото се разликувало во различни геолошките периоди. Така, внимателното мерење на морското ниво претставува важен показател за климатските промени и неговото покачување се наведува како доказ за глобално затоплување.Solomon et al., Technical Summary, Section 3.4 Consistency Among Observations in ; Hegerl et al., Executive summary, Section 1.3: Consistency of changes in physical and biological systems with warming in .
Поимот надморска висина најчесто се однесува на средна/просечна надморска висина (С.Н.В или П.Н.В) и се изразува во метри (М.Н.В)
Средно морско ниво Средното морско ниво (СМН) обично се дефинира како просечно релативно морско ниво во некој временски период, како што е месец или година, доволно долг за да може да се изведе просек од непостојаните вредности какви што се брановите.
Пораст на средното морско ниво Евстатскиот пораст на морското ниво е промена во глобалното средно морско ниво поради промената на зафатнината на светскиот океан. Релативниот пораст на морското ниво се јавува онаму каде што постои нето-пораст нивото на океанот во однос на месните движења на копното. Творците на климатските модели главно се задржуваат на процената на евстатската промена на морското ниво. Истражувачите на влијанијата главно се осврнуваат на релативната промена на морското ниво.
Поврзано Надморска висина Покачување на морското ниво Плимомер Водостој Геодетски појдовник Крајни точки на земјата
Наводи
Надворешни врски
Колку е комплицирано мерењето на морското ниво? Карта на промената на морското ниво — JPL
Категорија:Физичка океанографија Категорија:Геодезија