Илјо Кејсе (; р. во ) — поранешен белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2022. Кејсе настапувал и на велодромски и на друмски трки, специјализирајќи се во возење на трки во траење од шест дена. Седум пати ја има освоено трката Шест дена Гент, а на подиум се има качено 12 пати.

Животопис

Кејсе е роден во Гент. Заедно со неговиот колега Метју Гилмор, освоил три трки од шест дена во 2005/2006: Гренобл, Гент и Хаселт. По неговата победа на Шест дена Гент 2008, обата примероца А и Б се покажале позитивни на катин и диуретик, кој бил користен за прикривање на присуствово на допинг средства. Бил отпуштен од неговата екипа, , на 11 јануари 2009 година.Велодромскиот велосипедист Илјо Кејсе отпуштен за допинг скандал SI.com, 11 јануари 2009 Се приклучил на екипата Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи во мај 2009 година.

На 2 ноември 2009 година, Кејсе бил прогласен за невин, откако истражувачите пронашле дека позитивните резултати не биле резултат на намерен допинг и најверојатно потекнале од контаминација на додаток во исхраната. На 7 јули 2010 година, Арбитражниот суд за спорт ја потврдил жалбата од Светската антидопинг агенција и му одредил суспензија на Кејсе. Му биле признати 11 месеци суспензија, со што можел да се врати на трките во август 2011 година.http://www.velonation.com/News/ID/4796/Quick-Steps-Iljo-Keisse-has-two-year-ban-reinstated-by-CAS-following-WADA-appeal.aspx Во ноември, одлуката на судот била одбиена од белгискиот Апелациски суд, дозволувајќи му на Кејсе да настапи на Шест дена Гент 2010.http://www.cyclingnews.com/news/keisse-free-to-race-gent-six-day-after-doping-suspension-suspended Кејсе останал под суспензија во Белгија до 27 јануари 2012 година, но повторно потпишал со за сезоната 2012.

На 28 април 2012 година, Кејсе ја освоил седмата етапа на Трката околу Турција во драматична завршница: по падот во последната кривина морал да го намести ланецот пред да спринта на целта пред групата. Првите возачи го добиле истото време како неговото. Ова била првата професионална победа во неговата кариера и негова последна во изминатите две години. Негова следна победа била на класикот Шатору во август 2014 година.

Уште една победа остварил во 2015 година, на Ронде ван Зеланд; ја освоил трката од групата на тројца возачи на кои претходно се одвоиле. На Џиро д’Италија, Кејсе ја освоил последната етапа во Милано, изместувајќи ги плановите на спринтерите. Се одвоил со возачот на Лук Дарбриџ и го претекнал за победа.

Кејсе објавил дека во текот на сезоната 2022 ќе се повлече и дека негова последна трка ќе биде Шест дена Гент. Возејќи заедно со Јаспер де Бујст, завршил трет на негово 18. учество на трката.

Достигнувања Велодромски велосипедизам

2004 2. Шест дена Гент (со Андреас Бајкирх) 2. Шест дена Фјоренцуола (со Франко Марвули) 3. Шест дена Гренобл (со Ваутер ван Мехелен) 2005 1. 20п Европско првенство - медисон (со Метју Гилмор) 3. 20п Светско првенство - медисон 1. Шест дена Фјоренцуола (со Метју Гилмор) 1. Шест дена Гренобл (со Метју Гилмор) 1. Шест дена Гент (со Метју Гилмор) 3. Шест дена Амстердам (со Метју Гилмор) 3. Шест дена Бремен (со Марко Вила) 2006 1. 20п Европско првенство - дерни 1. 20п Државно првенство - бодовна трка 1. Шест дена Хаселт (со Метју Гилмор) 2. Шест дена Штутгарт (со Роберт Бартко & Лајф Лампатер) 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко) 2. Шест дена Ротердам (со Метју Гилмор) 2. Шест дена Минхен (со Франко Марвули) 2007 1. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко) 1. Шест дена Гент (со Роберт Бартко) 1. Шест дена Амстердам (со Роберт Бартко) 2. 20п Светско првенство - бодовна трка 2. Шест дена Мастрихт (со Марко Вила) 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко) 2. Шест дена Минхен (со Франко Марвули) 2. Шест дена Хаселт (со Марко Вила) 3. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко) 2008 1. 20п Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле) Национални првенства 1. 20п Бодовна трка 1. 20п Медисон (со Кени де Кетеле) 1. Шест дена Штутгарт (со Роберт Бартко & Лејф Лампатер) 1. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко) 1. Шест дена Гент (со Роберт Бартко) 1. Шест дена Минхен (со Роберт Бартко) 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко) 2. Шест дена Хаселт (со Кени де Кетеле) 2. Шест дена Фјоренцуола (со Франко Марвули) 3. Шест дена Амстердам (со Роберт Бартко) 3. Шест дена Копенхаген (со Дани Стам) 3. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко) 2009 Национални првенства 1. 20п Бодовна трка 1. 20п Медисон (со Кени де Кетеле) 2. Шест дена Гент (со Роџер Клуге) 3. Шест дена Гренобл (со Џани Мерсман) 2010 1. Шест дена Гент (со Петер Схеп) 1. Шест дена Ротердам (со Дани Стам) 2. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко) 2. Шест дена Копенхаген (со Роберт Бартко) 2011 1. 20п Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле) Национални првенства 1. 20п Дерни 1. 20п Медисон (со Герт-Јан ван Имерсел) 1. 20п Скреч 1. Шест дена Амстердам (со Ники Терпстра) 1. Шест дена Гренобл (со Морган Кнајски) 1. Шест дена Цирих (со Франко Марвули) 2012 1. Шест дена Гент (со Глен О’Ши) 1. Шест дена Гренобл (со Кени де Кетеле) 1. Шест дена Копенхаген (со Марк Хестер) 2. Шест дена Амстердам (со Ники Терпстра) 3. Шест дена Бремен (со Лајф Лампетер) 3. Шест дена Берлин (со Кени де Кетеле) 2013 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра) 1. Шест дена Цирих (со Силван Дилје) 2. Шест дена Гент (со Вим Струтинга) 3. Шест дена Гренобл (со Јаспер де Бујст) 2014 Национални првенства 1. 20п Медисон (со Јаспер де Бујст) 1. 20п Скреч 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра) 1. Шест дена Цирих (со Марк Кевендиш) 2. Шест дена Гент (со Марк Кевендиш) 2015 1. Шест дена Гент (со Михаел Меркев) 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра) 1. Револушн Коло 2 (со Енди Тенант) 1. Револушн Коло 3 (со Вим Струтинга) 1. Бодовна трка 1. Елиминациска екипа 3. Шест дена Лондон (со Гејс ван Хуке) 2016 2. Краен пласман Лига на прваци Револушн 3. Шест дена Гент (со Елија Вивијани) 2017 1. Шест дена Бремен (со Марсел Калц) 2018 1. Шест дена Гент (со Елија Вивијани) 2019 1. Шест дена Бремен (со Јаспер де Бујст) 2022 3. Шест дена Гент (со Јаспер де Бујст)

Распоред на резултатите на „Шест дена“

Трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Шест дена Амстердам 10 3 4 1 3 4 1 2 colspan=6 Шест дена Бремен 3 4 3 1 2 3 1 1 Шест дена Гент 2 1 1 1 2 1 1 2 2 1 3 1 3 Шест дена Гренобл 3 1 3 1 1 3colspan=8 Шест дена Ротердам 4 2 1 3 1 4 1 1 1 Шест дена Цирихcolspan=2 2 2 2 4 1 1 1colspan=8

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Друмски

2004 1. Етапа 6 Тур ди Лоар ет Шер 5. Краен пласман Триптих на планините и замоците 2005 9. Брисел-Ингоигем 2006 4. Флеш Хесбињон 6. Краен пласман Трка околу Британија 9. Краен пласман Тур де Валони 2007 1. Текстилпрејс Вихте 3. Курне-Брисел-Курне 7. Хале-Ингоигем 8. Омлоп ван хет Васланд 2008 1. Текстилпрејс Вихте 4. ГП Брик Шоте 2011 10. Класик Дач Фуд Вали 2012 1. Етапа 7 Трка околу Турција 2013 1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде 3. Минстерланд Џиро 2014 1. Класик Шатору 2. ГП Брик Шоте 2015 1. Ронде ван Зеланд 1. Етапа 21 Џиро д’Италија 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка 1. Профронде Дерне 20п Награда за борбеност на етапа 5 Вуелта а Еспања 2017 1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде 1. Текстилпрејс Вихте 3. Ле Самин 3. Хале-Ингоигем 10. Дварс дор Вест-Вландерен 2020 2. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро159139145—144——122121 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———139————— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——148——————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Луѓе од Гент Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Олимписки велосипедисти на Белгија Категорија:Белгиски етапни победници на Џиро д’Италија