Лусијано Слагвер (роден на 5 октомври 1993, во Ротердам) — холандски фудбалер, напаѓач на Херенфен и на холандската репрезентација под 21 година.

Клупска кариера Во сезоната 2012-2013 дебитирал за Херенфен во Ередивиси, во натпревар против Цволе. Првата сезона како професионалец ја завршил со 3 настапи во лигата и еден во купот. Следната сезона станал стартер.

Репрезентативна кариера На 5 септември ги одиграл последните 12 минути од натпреварот против Шкотска (4-0 за Холандија) во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година.

Надворешни врски Профил на Лучано Слагвер на soccerway

Наводи

Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен