Томас Роберт Линдал (, р. ) – шведски научник познат по истражувањата на ракот. Во 2015 година доделена му е, заедно со американскиот хемичар Пол Модрич и турскиот хемичар Азиз Санџар, Нобеловата награда за хемија за проучувањата на поправка на ДНК.
Образование Линдал е роден во Кунгсхолмен, Стокхолм, Шведска од татко Фолке Роберт Линдал и мајка Етел Хулда Хултберг.Sweden, Indexed Birth Records, 1860–1941 Докторат добил во 1967 година, а доктор по медицина станал во 1970 година на институтот Каролинска во Стокхолм.
Кариера Следејќи го својот докторат, Линдал постдокторските истражување ги направил на универзитетите Принстон и Рокфелер. Тој бил професор по медицинска хемија на универзитетот Гетеборг од 1978 до 1982 година. Во 1981 година се префрла во Обединетото Кралство и му се придружува како истражувач на Кралскиот фонд за истражување на ракот. Од 1986 до 2005 година бил првиот директор на лабораториите за истражување на ракот Клер Хол во Хартфордшир (дел од Институтот Френсис Крик од 2015 година)"4 ways that Tomas Lindahl’s Nobel Prize for Chemistry revolutionised cancer research" , by Emma Smith, CRUK Science blog, October 7, 2015. Таму продолжил да работи до 2009 година.
Има свој придонес во многу трудови за поправка на ДНК и генетиката на ракот.
Награди Кралски медал (2007) Коплиев медал (2010) Нобелова награда за хемија (2015
Наводи
Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Шведски нобеловци Категорија:Британски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Луѓе од Стокхолм Категорија:Членови на Норвешката академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Живи луѓе