Шејлин Дајен Вудли (роден на 15 ноември 1991 г.) — американска глумица.
Таа ја започнала својата кариера глумејќи во телевизиски серии, привлекувајќи го вниманието на јавноста со серијата Тајниот живот на американскиот тинејџер (2008–13) во која играла главна улога. Својата прва филмска улога таа ја добила во драмата Потомци (2011), за која добила награда Спирит за најдобра глумица во споредна улога и номинација за Златен глобус за најдобра споредна глумица. За нејзината изведба во тинејџерската драма Спектакуларна сегашност (2013), таа и Мајлс Телер ја добиле специјалната награда за глума од жирито на Филмскиот фестивал Санденс, а исто така таа добила номинација за наградата Спирит за најдобра глумица во главна улога.
Вниманието на светската јавност, Вудли го привлекла со улогата на Беатрис Прајор во филмскиот серијал Различна и со улога на Хејзел Грејс во романтичната драма Виновни се ѕвездите (2014).
Ран живот Вудли е родена во Сан Бернандино, Калифорнија, но израснала во Сими Вали, Калифорнија. Нејзината мајка, Лори, е психолог во средно училиште, а нејзиниот татко, Лони, е директор во училиште. Нејзиниот татко има англиско потекло, а нејзината мајка влеќе афроамерикански, креолски, англиски и швајцарски корени. Таа има помлад брат. На 15-годишна возраст и била дијагностицирана сколиоза. Таа носела пластичен корсет долг од градите до колената со цел да го спречи искривувањето на ‘рбетот."Biography Today", pp.161–162
Вудли учела во средното училиште Сими Вали. Пред да ја добие улогата во Тајниот живот на американскиот тинејџер, таа планирала да студира внатрешно уредување на Њујоршкиот универзитет.
Филмогафија Филм Година Наслов УлогаБелешки2011ПотомциАлександра „Алекс“ Кинг2013Спектакуларна сегашностЕјми Финеки2014Бела птица во виулицаКатрина „Кат“ Конор2014РазличнаБеатрис „Трис“ Прајор2014Виновни се ѕвездитеХејзел Грејс2015Различна: ПобунетиБеатрис „Трис“ Прајор2016Различна: СледбенициБеатрис „Трис“ ПрајорПост продукција2016СноуденЛиндзи МилсПост продукција
Телевизија Година Наслов Улога Белешки1999Замена за татоМалечко девојчеТВ филм2001–03ДистриктКристин Дебрено3 епизоди2001–04Преминувајќи ја ЈорданМладата Џордан Кавано4 епизоди2003Без трагаМладата Клер МеткалфЕпизода: „Clare de Lune“2003–04Округот ОринџМладата Кетлин Купер6 епизоди2004Сите го сакаат РејмондВообразена девојкаЕпизода: „Party Dress“2004Место наречено домКалифорнија „Кали“ ФордТВ филм2004–05Џек и БобиКлои Бенедикт2 епизоди2005Фелисити: Авантура на американско девојчеФелисити МериманТВ филм2005Некогаш одамна на душекотМолиТВ филм2006Се викам ЕрлМладата ГвенЕпизода: „BB“2007Истрага на местото на злосторството: ЊујоркИви ПирпонтЕпизода: „A Daze of Wine and Roaches“2007Близу домаГаби ТерсиЕпизода: „Getting In“2007Злосторства од минатотоСара ГанденЕпизода: „Running Around“2007Проколнат летМаја БендерТВ филм2008–13Тајниот живот на американскиот тинејџерЕјми ЏоргенсГлавна улога (121 епизода)
Наводи
Надворешни врски
Шејлин Вудли на TV Guide
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Американски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски природозаштитници Категорија:Американски филмски глумци