Нарцизмот е добивањето на задоволство од суетата или егоистичниот восхит на сопствените атрибути. Терминот потекнува од старогрчката митологија, според која младиот Нарцис се вљубил во неговиот сопствен лик кој го видел во изворот.
Видови нарцизам Агресивен нарцизам Особини на овој вид нарцизам се: Површен шарм Грандиозно чувство на самопочит Патолошко лажење Зајадливост/Манипулативност Недостаток на каење или вина Грубост/Недостаток на емпатија Неуспех да се прифати одговорност за сопствените постапки
Колективен или групен нарцизам Колективниот нарцизам (или групен нарцизам) е вид на нарцизам кога поединецот има надуено самољубие кон неговата или нејзината сопствена група.Golec de Zavala, A, et al. "Collective narcissism and its social consequences." Journal of Personality and Social Psychology 97.6 (2009): 1074-1096. Psyc articles. EBSCO. Web. 26 Mar. 2011. Колективниот нарцизам е поврзан и со етноцентризмот; сепак, етноцентризмот се фокусира првенствено на егоцентричноста на етнички или културен план, а колективниот нарцизам е поширок поим кој се однесува на било кој тип на група а не само на културни и етнички групи.Bizumic, Boris, and John Duckitt. "My Group Is Not Worthy of Me": Narcissism and Ethnocentrism." Political Psychology 29.3 (2008): 437-453. Psychology and Behavioral Sciences Collection. EBSCO. Web. 9 Apr. 2011.
Културен нарцизам Во Културата на Нарцизмот, Кристофер Лаш ја дефинира нарцисоидната култура како култура каде што секоја активност и секој однос се дефинирани од хедонистичката потреба да се здобијат симболи на богатство,Lasch, C, The Culture of Narcissism. 1979 и ова станува израз на цврста, но прикриена, општествена хиерархија. Тоа е култура во која либерализмот постои само доколку тој му служи на потрошувачкото општество, па дури и уметноста, сексот и религијата ја губат својата ослободувачка енергија.
Сексуален нарцизам Сексуалниот нарцизам е опишан како егоцентричен модел на сексуално однесување кое вклучува надуено чувство на сексуална способност и сексуални овластувања. Сексуалниот нарцизам е дисфункција на интимноста при која се извршуваат сексуални злоупотреби, обично во форма на вонбрачни афери поради неможноста да се доживее вистинска интимност. Ова однесување е почесто кај мажите отколку кај жените и е поврзано со семејното насилство и сексуалната принуда.
Поврзано Гордост Данинг-Кругеров ефект Фемицид
Нарцизмот како мотив во популарната култура „Нарцис“ (англиски: Narcissist) — песна на британската рок-група Либертајнс (The Libertines) од 2004 година.The Libertines – The Libertines (пристапено на 17.2.223)
Наводи
Категорија:Себство Категорија:Психоанализа Категорија:Човечко поведение