Мечкул — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 26 жители (2024).

Географија и местоположба Селото се наоѓа на северозападните падини на планината Пирин, на околу 700 метри надморска височина.

Историја Црквата „Свети Илија“ била изградена на 3 километри јужно од селото во 1805 година. Во 1836 година било отворено училиште со учител Димитар Паскалев Тоев. Во 1892 година црквата „Св. Петар и Павле“, била прогласена за споменик на културата. Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Докатичево изнесувало 620 жители Македонци, сите христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.

Митрополитот Емилијан Мелнишки напишал дека на 5 јануари 1908 година, 5-члена чета била опсадена од војска во Мечкул, Мелнишко, но била спасена ноќе со помош на селаните.

Демографија На табелата е прикажан бројот на населението во Мечкул за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население2412212111534637605228

Етнички состав Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година: националностброј%Бугари28100Роми - -Турци - -други - -не се самоопределиле - -не одговориле - -Вкупно28100 Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Личности Родени во Мечкул

Георги Пенков Николов (1890 – 1925), македонски револуционер и член на Македонската револуционерна организација. Тома Пенков Николов (? – 1918), македонски револуционер и член на Македонската револуционерна организација.

Починати во Мечкул

Христо Апостолов (1860 – 1912), македонски револуционер, горноџумајски војвода и член на Македонската револуционерна организација.

Поврзано Мечкулска Река

Наводи

Категорија:Општина Симитли Категорија:Села во Пиринска Македонија