Петро Ливада — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дупјачани. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 1 км северозападно од селото и јужно од патот за селото Десово, каде има поголем простор на кој се наоѓаат темели од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер, фрагменти од керамички садови, пирамидални тегови од земја и многу градежен материјал. Откриени се и гробови со конструкции од камени плочи.

Поврзано Гробишта — некропола од римско време; Лозја — населба од римско време; Гробишта I — некропола од римско време; Селска Црква — осамен наод од римско време; Сурун — населба од римско време; Дупјачани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Дупјачани