Науру првпат се натпреварува на Летните олимписки игри во 1996 година во Атланта. Земјата с учествувала и на игрите во Сиднеј во 2000 година, Атина во 2004 година, Пекинг во 2008 и Лондон во 2012 година.Nauru at the Olympics , The Telegraph

НАцијата најмногу е позната по традицијата на кревање тегови и сите седум натпреварувачи кои се натпреварувале за Науру на олимписките игри пред 2002 година биле кревачи на тегови.

Науру е земја со најмал број на население меѓу 202-те земји учеснички во МОК.

Под водството на Хон. Винсон Детенамо, олимпиското движење започнало во науру во почетокот на 1990-ите. Олимпискиот комитет бил воспоставен во 1991 година и преговорите со МОК Започнале истата година. Во мај 1994 година Науру ја претставиле својата молба за прием пред МОК и во септември 19994 година оваа држава била примена со што се овозможило нивното учество на игрите во 1996 година.

1996 година не е годината кога за првпат науру учествувала на олимписките игри. По неговоата голема победа на Комонвелтските игри во 1990 година, кревачот на тегови Маркус Стефан побарал државјанство од Самоа за да се натпреварува на игрите од 1992 година. Стефан повторно се натпреварувал на Олимписките игри во 1996 и 2000 година, но сега за неговата родна земја. Се пласирал 11-ти во категоријата 62 кг во 2000 година. Во 2009 година, тој го заменил Винсон Детенамо како претседател на Наурскиот национален олимписки комитет."Nauru president claims national Olympic committee ledaership", ABC Radio Australia, January 26, 2009

Пол Кофа е тренерот на кревачите на тегови при Федерацијата за кревање тегови за Океанија и е тренер на наурската репрезентација за кревање тегови од 1994 година.

Науру на Летните олимписки игри Година Спортисти ЗлатниСребрениБронзени Вкупно199630000200020000200430000200810000201220000

Спортисти Кревање тегови Маркус Стефан - 1996, 2000 (прв олимпиец) Квинси Детенамо - 1996 Герард Гарабван - 1996 Шива Пео - 2000 (прва жена олимпиец) Ријана Соломон - 2004 Ите Детенамо - 2004, 2008, 2012 Јукио Питер - 2004 Џудо След Довабобо - 2012

Надворешни врски Nauru . Olympics at Sports-Reference.com

Наводи