Горни Орман — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Горни Орман се наоѓа на 12 километри источно од Свети Врач, во јужните делови на планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 383 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 4025 км2. Сместено е во средината на линијата што ги поврзува градовите Свети Врач и Мелник. Има многу добар потенцијал за рурален туризам. Поврзано е со асфалтен пат до автопатот Е79 - оддалечено 7 км од селото Ново Делчево. Низ селото минува мала река, која пак се влева во реката Струма. Интересни места во полупречник од 20 км се градот Свети Врач, градот Мелник, Роженски манастир, Рупите со куќата и црквата „Св. Петка“.

Јужно од селото е црквата „Света Марина“, до која се наоѓаат гробиштата на селото и соседното село Ласкарево. На 17 јули - Маринден - селото има собир.

Историја Османлиско Царство

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горне Ормане Ласкарево (Gorné Ormané Lidarévo) е село со 28 семејства и 100 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141..

В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 360 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190..

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население +Население на Горни Орман по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 225 271 238 184 156 111 78 63 32 27

+Население по возраст од 2011 година:

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Личности Родени Стојан Иванов Антонов, бугарски деец, загинал во Втората светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 103, л. 136 Костадин Димитров Георгиев (18 септември 1920 – 31 јануари 2013), Георги Димитров Георгиев (15 март 1919 – 16 март 1984) Георги Христов Шингаров (7 септември 1934) Димитар Георгиев Милев (20.12.1895 – 24.10.1976)

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија