Лехово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Лехово се наоѓа на 40 километри југоисточно од Свети Врач, планинска област. Селото се наоѓа во северозападните делови на планината Славјанка. Селото се наоѓа на надморска висина од 489 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.871 км2. Климата е преодно-средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 600 мм.
Историја Според историчарот од почетокот на дваесеттиот век Васил Миков, селото било основано од полски доселенициВасилъ Миковъ, Произходъ и значение на имената на нашитѣ градове, села, рѣки, планини и мѣста, Печатница Хр. Г. Дановъ, София 1943, стр 105. Денешното село се појавило во 1913 година од бегалци од старото село Лехово, кое по крајот на Балканските војни било приклучено кон територијата на Грција, додека ова село кон територијата на Бугарија.
Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.
Население +Население на Лехово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 307 456 378 205 62 36 21 18 9 5
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија